Достапни линкови

За три години - Нов клинички центар


Идејно решение за новиот Клинички центар во Скопје.
Идејно решение за новиот Клинички центар во Скопје.

Новиот блок во Клиничкиот центар во Скопје со површина од скоро 62 илјади квадратни метри ќе чини околу 70 милиони евра. Треба да почне да се гради догодина, а да заврши за три години, најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерот за здравство Никола Тодоров пред медиумите го претстави конечното идејно решение и архитектонско-урбанистичкиот проект на новиот блок во Клиничкиот центар. Се очекува основниот проект за новиот клинички блок да биде готов за околу 5 месеци, рече Тодоров и најави дека изградбата на објектот треба да почне во првиот квартал од наредната година и да трае три години.
Целиот проект чини околу 70 милиони евра, со се реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите ќе бидат обезбедени од Банката на Советот на Европа.
Никола Тодоров, министер за здравство.

Новиот блок, од скоро 62 илјади квадратни метри, треба да се гради на местото на старата Клиника за гинекологија и ќе биде со модерен изглед и, како што рече министерот, енергетски ефикасна фасада. Најгоре, на осмиот кат, предвидено е да има и хелиодром. Новиот блок ќе биде поврзан со постојната зграда на Хируршките клиники, кои треба да бидат реновирани, со новата зграда на Гинекологија и со Онкологија.
Да се надеваме дека ќе се реализира така како што е планирано. Во принцип, сите големи и модерни клинички центри се интегрирани во една функционална целина. Нашиот беше отсекогаш исклучок како таков.
Владимир Лазаревик, експерт за јавно здравство.

Во рамки на новиот Клинички комплекс нема да бидат сместени само детската клиника којашто ќе биде споена со детската хирургија, Клиниката за инфективни болести, која ќе остане одвоена, како и Стоматолошкиот клинички центар и Клиниката за максилофацијална хирургија. Откако ќе се изгради новиот блок, зградите кои нема да бидат пренаменети, ќе бидат урнати за да се прошири паркот, најави Тодоров.

„Целиот проект чини околу 70 милиони евра, со се реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите ќе бидат обезбедени од Банката на Советот на Европа за што веќе е формирана проектна единица и ова практично е втора фаза од веќе почнатиот проект од 25 милиони евра за реконструкција и изградба на повеќе здравствени установи“, рече Тодоров.

Поранешниот заменик министер за здравство и експерт за јавно здравство Владимир Лазаревик вели дека се надева дека овој проект навистина ќе се реализира, затоа што таквите решенија се пофункционални.

„Да се надеваме дека ќе се реализира така како што е планирано. Во принцип, сите големи и модерни клинички центри се интегрирани во една функционална целина. Нашиот беше отсекогаш исклучок како таков, така што идејата и можноста да се направи една зграда во којашто ќе бидат сместени клиниките е супер потег и сега да видиме како ќе се реализира до крај“, вели Лазаревик.

Тодоров најави дека во рамките на комплексот ќе се градат и две катни гаражи со по 1.250 паркинг места.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG