Достапни линкови

Здравството се шминка, а суштински ништо не се менува


Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници.

Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници.

Се решаваат прашања што се подразбираат, како што е на пример хигиената, а суштински состојбата се влошува, тврди првиот синдикалец на Клиничкиот центар, Дејан Ставриќ.

И покрај секојдневното најавување промени во начинот на функционирање на јавното здравство од страна на здравствените власти, и покрај големиот број реформи најавени и спроведени само по стапувањето на функцијата на актуелниот министер за здравство, лекарите велат дека речиси и да нема реформа која допира во суштината на проблемите.
Условите за работа се многу лоши. Обемот на работа, диктирано од буџетите на клиниките е драстично намален, а реалниот прилив на пациенти е многу поголем. Секако дека лекарите не се задоволни со платите, кои, како што знаете, се најниски во регионов, а да не зборуваме да компарираме со нормални демократии и нормални земји.

Се менуваат имињата и протоколите, се решаваат прашања како што е на пример хигиената, кои се подразбираат, и со кои не треба да се занимава ниеден министер, а суштински состојбата се влошува, тврди првиот синдикалец на Клинички центар, Дејан Ставриќ.
Министерот за здравство, Никола Тодоров во посета на болницата во изградба во Охрид.

Министерот за здравство, Никола Тодоров во посета на болницата во изградба во Охрид.


„Условите за работа се многу лоши. Обемот на работа, диктирано од буџетите на клиниките е драстично намален, а реалниот прилив на пациенти е многу поголем. Секако дека лекарите не се задоволни со платите, кои, како што знаете, се најниски во регионов, а да не зборуваме да компарираме со нормални демократии и нормални земји“, вели Ставриќ во интервју на Радио Слободна Европа кое во целост ќе се емитува в недела.
Персоналот, како персонал, сепак е задоволителен ама е мал тој персонал за да може да им пружи така добра услуга на пациентите. Од една клиника на друга клиника, се губи време, нема ефикасност.

Синдикатот на Клинички веќе најави штрајк кој, според Ставриќ, се поверојатно е дека ќе се случи и тоа веднаш по одморите, во септември, бидејќи има барања од сите клиники и од над 90 насто од лекарите. Поводот е најавеното плаќање по учинок кое, според нив, се најавува дека ќе се спроведе како никаде во светот со одземање од платата. Лекарите се незадоволни од месечните примања, но и од атмосферата во која што работат а која е постојано демотивирачка за нив, не поради, како што вели, недостиг на ентузијазам, туку поради третманот на лекарите и стравот кој се сее меѓу нив.

Како резултат на се полошата состојба, голем број од лекарите го напуштаат јавното здравство и одат во приватното, но се поголем број од нив и во странство, тврди Ставриќ.

Пациентите, пак, збунети, каде лежи причината што се уште не добиваат нормални здравствени услуги во јавните установи.

„Персоналот, како персонал, сепак е задоволителен ама е мал тој персонал за да може да им пружи така добра услуга на пациентите. Од една клиника на друга клиника, се губи време, нема ефикасност.“

„Ма се средува, се средува тие што имаат пари.“

„Ништо не се средува.“

„Па сега веројатно ќе се подобри со овие душециве што ги донесоа“.

„Лекарите работат толку колку што се платени јас мислам. И забушаваат“, велат анкетираните граѓани.

Една од последните реформи кои ги најави Тодоров е воведувањето на протоколите за лекување наречени Клинички патеки.
XS
SM
MD
LG