Достапни линкови

Здравството се лечи со плацебо


Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници на 14 август 2012 година.
Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници на 14 август 2012 година.

Во здравството недостигаат суштински реформи. Наместо тоа, се прават површни чекори кои треба да симулираат големи реформи, коментираат експертите.

Реформирање, европеизација, приватизација, комерцијализација или уназадување на здравствениот систем? Што всушност се случува во здравството во овој момент не можат да илустрираат ниту најупатените, но изјавите на сите засегнати се движат од краен револт до крајна иронија.
Ситуацијата во здравството, никогаш не билo подобро од сега, имаме насмеан министер, насмеан претседател на гранков синдикат, насмеани директори на јавни здравствени установи, имаме среќни пациенти, среќен медицински кадар, среќен претседател на Лекарска комора, среќен декан на Медицински факултет во Скопје и сè е убаво и фино, освен кога ќе се разбудите и кога ќе дојдете во болниците како пациент. Тогаш ќе видите дека сонот трае кратко и стварноста е многу црна.
Милчо Пановски, доктор.

„Ситуацијата во здравството, никогаш не билo подобро од сега, имаме насмеан министер, насмеан претседател на гранков синдикат, насмеани директори на јавни здравствени установи, имаме среќни пациенти, среќен медицински кадар, среќен претседател на Лекарска комора, среќен декан на Медицински факултет во Скопје и сè е убаво и фино, освен кога ќе се разбудите и кога ќе дојдете во болниците како пациент. Тогаш ќе видите дека сонот трае кратко и стварноста е многу црна“, не сака ништо повеќе да каже во овој момент доктор Милчо Пановски од чија изјава веќе станува јасно дека работите отишле предалеку.
Министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар д-р. Дејан Ставриќ на средба во Скопје на 19 декември 2012.
Министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар д-р. Дејан Ставриќ на средба во Скопје на 19 декември 2012.

До таму што сега се малкумина тие што можат или сакаат да ги коментираат.
Имаме ситуација на континуирана дегенерација, пропаѓање на здравството. Има ситуација кога сега доаѓаат кај мене во приватна болница да се оперираат, затоа што не можат да и оперираат, што значи дека сме години наназад, не може нешто што јас сум го оперирал пред 20 години, сега во таа установа да биде иноперабилно. Нема интерес на луѓето да работат затоа што зема плата и вака и така, затоа што не се заинтересирани.
Ѓорѓи Оровчанец, доктор, поранешен министер за здравство.

„Имаме ситуација на континуирана дегенерација, пропаѓање на здравството. Има ситуација кога сега доаѓаат кај мене во приватна болница да се оперираат, затоа што не можат да и оперираат, што значи дека сме години наназад, не може нешто што јас сум го оперирал пред 20 години, сега во таа установа да биде иноперабилно. Нема интерес на луѓето да работат затоа што зема плата и вака и така, затоа што не се заинтересирани“, се обидува да направи кус преглед на една од состојбите во јавното здравство поранешниот министер за здравство, доктор Ѓорѓи Оровчанец.
Архивска фотографија: Пациенти на одделот за хемодијализа во болницата во Прилеп.
Архивска фотографија: Пациенти на одделот за хемодијализа во болницата во Прилеп.

Последниот пример на демотивираност резултираше со големиот штрајк на лекарите поради најавеното плаќање по учинок на кој долг период Министерството за здравство не се огласуваше и кој според лекарите и покрај извесниот постигнат договор не го смирува незадоволството. Штрајкот е ставен во мирување, рекоа од синдикатот на Клинички центар, а не и завршен, со оглед на тоа што постигнатиот колективен договор не одговара на нивните барања и е постигнат со гранковиот синдикат кој воопшто и не го поддржуваше штрајкот.
Јас длабоко сочувствувам со нашите пациенти поради условите во кои тие треба да бидат амбулантски прегледани, примени на болничко лекување, да лежат на одделенијата такви какви што се, меѓутоа тоа е реалната состојба. Јас како пациент би бил многу незадоволен од условите во кои сум третиран, јас тоа го разбирам кај пациентите, меѓутоа без оглед на маркетингот, мора да кажеме дека тоа е нашата реална состојба.
Дејан Ставриќ, доктор, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Со оглед на тоа дека претседателот на гранковиот синдикат и покрај актуелноста на прашањето е тешко достапен за јавноста, решението може само да се толкува. Голем дел од лекарите од Клинички на ова гледаат како на лакрдија со оглед на тоа дека, како што појаснуваат, станува збор за потрага по некое решение во кое директорите на клиниките ќе ги израмнуваат месечните примања на секој лекар поединечно. Самостојниот синдикат и официјално потврди дека нема дадено согласност за потпишување на договорот помеѓу министерот за здравство Никола Тодоров и гранковиот Синдикат. Потпишаниот гранков колективен договор не е поддржан од Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации во Република Македонија, поради тоа што тој не е во согласност со нашите интереси и со барањата поради кој што штрајкот беше организиран, стои во соопштението од синдикатот.

Штрајкот ќе остане во мораториум, а лекарите се надеваат на дополнителни преговори кои ќе се однесуваат на одредувањето на месечните приходи.Се чини гранковиот синдикат ќе мора да објасни за какви права на лекарите се изборил во своите преговори со министерот со колективниот договор.

Клиничкиот центар не е само здравствена, туку и образовна установа
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на 8 декември 2012 година.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на 8 декември 2012 година.

Не помина многу од овој реформски чекор, а министерот Тодоров повторно ги изнервира лекарите при тоа остро прашувајќи ги дали се или не се за влез во Европската унија. Станува збор за законот за медицинските студии кој според лекарите е упад во автономијата на универзитетот бидејќи на министерот за здравство му овозможува да ги пропишува условите за начинот на полагање, времетраењето и прагот на положеност на стручниот испит. Според професорите од медициснкиот факултет, законот ќе предизвика сериозни финансиски трошоци, за кои во законот не е дефинирано кој ќе ги покрие.
Не знам кои се полоши, приватните земаат само пари, а државните ќе ти закажат преглед после неколку месеци.
Анкетиран пациент.

Аргументот на министерот Тодоров е дека законот е дел од европската регулатива која се применува во ЕУ, кој во пракса значи дека ќе се изедначи нивото на квалитет на студиите на сите три медицински факултети. Аргумент на професорите од медицинскиот факултет е дека не може секоја регулатива да се препишува и механички да се применува во наши услови.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Министерот тврди дека се држи до принципите на реформите и дека со сето тоа успева и да не го наруши интегритетот на лекарите. Лекарите, пак, тврдат дека уривањето на нивниот интегритет е токму највидливата последица на моменталните реформски чекори, но секако во крајна линија и квалитетот на услугите што ги добиваат пациентите.
Не сум задоволна никако, имам човек опериран дома, го чувам неподвижен четири години дома, кога го носам и во Воена болница и во Државна и во Градска, не сакаат да го примаат, стар е, а цел живот плаќаше придонеси. Ова не е здравство, ова е не е држава, ова е анархија.
Анкетирана пациентка.

„Јас длабоко сочувствувам со нашите пациенти поради условите во кои тие треба да бидат амбулантски прегледани, примени на болничко лекување, да лежат на одделенијата такви какви што се, меѓутоа тоа е реалната состојба. Јас како пациент би бил многу незадоволен од условите во кои сум третиран, јас тоа го разбирам кај пациентите, меѓутоа без оглед на маркетингот, мора да кажеме дека тоа е нашата реална состојба“, изјави во една прилика претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, доктор Дејан Ставриќ.

Јавното здравство бавно, приватното скапо

Условите и буџетите диктираат во кои услови и во кој обем ќе бидат третирани пациентите, појаснуваат лекарите, а тие во моментов не им одат во прилог на пациентите.

Еве како изгледа перцепција на граѓаните за здравството во моментов.
Архивска фотографија: Штрајк на лекарите од Клиничкиот центар во Скопје.
Архивска фотографија: Штрајк на лекарите од Клиничкиот центар во Скопје.

„Не знам кои се полоши, приватните земаат само пари, а државните ќе ти закажат преглед после неколку месеци.“

РСЕ: Сметате дека реформите го подобруваат здравството?

„Не, само министерот се рекламира.“

„Прво и прво, немаат однос кон пациентите, ми ја фрлаат книшката не сум била за кај нив, може тоа и на убав начин да ми го кажат.“
Сите забораваат и никој не спомнува дека јакото јавно здравство барем кај нас, сега во Македонија е суштински врзано за едукација на медицинскиот кадар. Се отворија секакви студии, како се викаа тие што ги отворија по сите градови и села, а од друга страна во здравствената едукација на факултетот кој е во Скопје, кој е во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се уништува потенцијалот кој треба да создава нови медицински кадри и што за жал рапидно опаѓа.
Владимир Борозанов, доктор.

„Не сум задоволна никако, имам човек опериран дома, го чувам неподвижен четири години дома, кога го носам и во Воена болница и во Државна и во Градска, не сакаат да го примаат, стар е, а цел живот плаќаше придонеси. Ова не е здравство, ова е не е држава, ова е анархија.“

Прекумерна администрација, партиско екипирање со нови кадри, буџетската ограниченост и слабата опременост, но и необученоста за користење на новата опрема, отежнатиот пат на пациентот до добивањето на својата платена здравствена услуга, се дел од актуелните проблеми во здравството, посочува професор Оровчанец, кој во блиска перспектива гледа само продолжување на големиот штрајк на лекарите.

Партизираноста е голем проблем

Во малку подалечна перспектива, последиците се целосен крах на јавниот здравствен систем во земјава, говори анализата и стравувањата на професор Спасе Јовковски.

„Се уште има луѓе како мене и мојата генерација коишто сè уште работат професионално, но допрва, за 15 години ќе бидат луѓе кои не се квалификувани за тоа што треба да бидат квалификувани.“
Не мислам дека е допрена суштината, напротив е допрена површината и со самото тоа идејата на моменталните процеси во здравството сè повеќе да се направи претстава дека нешто се случува, меѓутоа во суштина нема основа таквата реформска поставеност и тоа се гледа од активностите кои се спроведуваат. Доволно е да се навратите наназад неколку месеци, да ги проследите официјалните изјави на претставниците на Министерството за здравство и ќе видите дека нема поврзаност меѓу тоа што е најавено и тоа што е реализирано.
Владимир Лазаревик, експерт за јавно здравство.

Овој проблем е резултат на партизираноста како главен проблем и критериум вовлечен во здравствениот систем, потенцираат поголем дел од искусните професори на Клинички. Во едукацијата на кадарот дел од лекарите го лоцираат најголемиот проблем на здравството.

„Сите забораваат и никој не спомнува дека јакото јавно здравство барем кај нас, сега во Македонија е суштински врзано за едукација на медицинскиот кадар. Се отворија секакви студии, како се викаа тие што ги отворија по сите градови и села, а од друга страна во здравствената едукација на факултетот кој е во Скопје, кој е во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се уништува потенцијалот кој треба да создава нови медицински кадри и што за жал рапидно опаѓа“, посочува доктор Владимир Борозанов:

„Има тенденција повеќе да се стимулира приватниот сектор и да се насочуваат пациентите во приватниот сектор. И покрај сите инвестиции кои се направени и кои не можат да се спорат, некако јавното здравство отиде во аут, бидејќи сè што се прави таму, се правеше по политичка линија, а не по стручна потреба.“

Податоците до кои дојде невладината Хелтгрупер говорат дека 60 проценти од лекарите кои се вработени во јавното здравство бараат начин да ја напуштат земјата. Околу 150 угледни лекари преминаа во приватните здравствени установи. Според податоците со кои располага претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центар, над 120 лекари кои поминале низ македонскиот образовен систем сега работат во Словенија, а еден дел наши лекари заминале и во други европски држави каде што постои потреба.
Се уште има луѓе како мене и мојата генерација коишто сè уште работат професионално, но допрва, за 15 години ќе бидат луѓе кои не се квалификувани за тоа што треба да бидат квалификувани.
Спасе Јовковски, доктор.

Министерството го следи духот на предизборната логика. На предлог на Министерството за здравство, владата неодамна одобри вработувања на нови 800 лица во јавните здравствени установи. Со тоа, појасни министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се премости еден долгогодишен проблем во здравството кој е резултат на необновувањето на човечките капацитети. Вработувањата се најавува дека ќе се реализираат во текот на наредната година.

Ваквите најави секако ќе ги засилат насмевките од лицата за кои зборува доктор Пановски. Исто како и перцепциите на министерството според кои новата опрема е тука, буџетот за здравството расте, а расте и усогласеноста со европските трендови.

Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје на 8 септември 2012 година.
Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје на 8 септември 2012 година.
Кои се ефектите од реформите?

Имаме ли мерливи индикатори за тоа дека реформите го подобриле лекувањето и задоволството на пациентите? Недостигаат темелни и стручни анализи за изворот на проблемите и за ефектите од промените, вели Владимир Лазаревик, експерт за јавно здравство. Затоа сè што се прави се прави според политичките потреби, а не според стручните, регионалните или сегментарните потреби на здравството, вели тој.

„Не мислам дека е допрена суштината, напротив е допрена површината и со самото тоа идејата на моменталните процеси во здравството сè повеќе да се направи претстава дека нешто се случува, меѓутоа во суштина нема основа таквата реформска поставеност и тоа се гледа од активностите кои се спроведуваат. Доволно е да се навратите наназад неколку месеци, да ги проследите официјалните изјави на претставниците на Министерството за здравство и ќе видите дека нема поврзаност меѓу тоа што е најавено и тоа што е реализирано“, посочува Лазаревик.

Промените што се случуваат се постојано површни, едногласни се познавачите на состојбите во здравството. Се менуваат имињата на установите, се менуваат раководителите, не се менува начинот на работа.

„Да го решиме начинот на кој се финансираат болниците, да се воведе нивна автономија, да се прифатат принципите на кои што работат приватните здравствени установи, да се фокусираме кон резултатите за пациентите, крајниот исход за пациентите како да го подобриме, како да го подобриме лекувањето и како да успееме да имаме мерливи индикатори и јасно поставени цели, коишто ќе ни покажат дека од денеска до утре е направена разлика во интерес на населението, тоа денеска недостасува“, додава Лазаревик.

Новините можат да значат единствено промена и осовременување во методологијата на работа на нови методи на работа, нови протоколи, нови хируршки методи. А тоа може да тргне само од лекарите, велат од синдикатот на Клинички. Во принципот на работа нема промени, ниту, пак, постои мотивација за тоа, велат лекарите. Мотивацијата континуирано опаѓа. Доедукацијата, како што додаваат, самите ја носат на сопствен товар, а испраќањето на неколкумесечни специјализации на неколкумина доктори кои ги најави министерот, според нив, нема значително да ја смени состојбата. Се менуваше организационата поставеност на болниците, раководствата, протоколите, се спроведуваа мерки за подобрување на хигиената, се воведоа тн. клинички патеки.

Оние кои се внатре, во секојдневната пракса на функционирањето на здравствениот систем, лекарите и останатите вработени, а најмногу пациентите, се прашуваат кога промените ќе ја засегнат суштината и условите во кои тие се лекуваат или кога ќе се почувствуваат достоинствено во јавните здравствени установи. Дел од нив на сето тоа гледаат само како на стимулација на приватното здравство на сметка на јавното, теза која министерот за здравство ја негираше само нагласувајќи дека засега приватните клиники можат да бидат одличен пример за тоа како треба да се унапредува услугата и во јавното здравство. Патот до таму се чини поприлично долг.
XS
SM
MD
LG