Достапни линкови

Владата пред една година најави дека размислува да гради нов Клинички центар во Бардовци.

Клиничкиот центар во кус период е во центар на веќе долги најави за обновување. По неколкуте проекти што се објавуваа, се подгреа љубопитноста околу последниот што подразбира изградба на нов објект, а кој докрај не го знаат вработените. Владата или нејзиното Министерството за здравство пред една година промовираше дека размислува да гради нов клинички центар во Бардовци. Опозицијата тогаш реагираше дека се сомнева дека во прашање е враќање во игра на нивната идеја за нов Клинички центар на Зајчев Рид. Од пред 20 години во врвот на власта трае полемиката дали е потребен нов клинички центар или не.
Предизборно, ако се гради веројатно ќе се гради, бидејќи е релативно реално. Тоа е добро, меѓутоа мислам дека е избрзано, необмислено, прво се кажува па потоа ќе сметаат што со се друго. Меѓутоа за разлика од првите две опции оваа е реална, која би можела да се направи до следните избори.

„Предизборно, ако се гради веројатно ќе се гради, бидејќи е релативно реално. Тоа е добро, меѓутоа мислам дека е избрзано, необмислено, прво се кажува па потоа ќе сметаат што со се друго. Меѓутоа за разлика од првите две опции оваа е реална, која би можела да се направи до следните избори“, коментира професор Никола Пановски, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.
Клинички центар Скопје.

Клинички центар Скопје.


За да ја оствари зградата својата функција мора да има стручни податоци за сите детали и за состојбата со околниот простор каде треба да има проодност, наведуваат здравствените работници. Засега е познато дека во зградата ќе се сместат интерните клиники. Иако ресорот му е хирургија, професор д-р Јордан Савевски е инволвиран во обновата на Клинички центар по неколку основи. Во тоа време обновени се неколку клиники.
Интерните клиники навистина се субстандардни и треба да се направи нешто за нив. Ако тој простор е резервиран за нив, во тој случај е во ред.

„Меѓутоа, интерните клиники навистина се субстандардни и треба да се направи нешто за нив. Ако тој простор е резервиран за нив, во тој случај е во ред. Бидејќи да се растурат новите клиники кои до вчера ги градевме, јас сум еден од тие, како продекан ја градев хирургијата, учествував во градење на хирургијата како декан, деканатот, мислам сега тоа да добие друга пренамена, тоа е со строго специфична намена направено.“

Професор Пановски ги повтори предупредувањата дека новиот објект не може да ја фрли во сенка актуелната состојба во чија сенка се одигрува судирот околу контролата и организацијата на Клиничкиот центар.

„Ова не е нов Клинички центар, ова е нова зграда, така што не знам зошто го викаат нов Клинички центар. Нов би бил ако го спојат повторно, додека не го спојат Клинички центар не постои, ќе постојат универзитетски клиники.“

Новиот Клинички центар кој се најавуваше да се гради во Бардовци требаше да биде изграден на површина од 195.000 квадратни метри и ќе чинеше 450 милиони евра. Засега не е точно определено колку ќе се обезбедат пари за новиот објект, освен дека изградбата нов објект чини помалку од реновирање на старата зграда.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG