Достапни линкови

„Купување влијание: Пари и избори на Балканот“.


Македонија се најде на последно место во регионот според праксата и напорите за спречување на злоупотреби во финансирање на политичките кампањи.

Постои јасна недоверба во политичките партии, посебно во нивните финансиски извештаи, заклучува „Транспаренси интернешнл“ во својот извештај насловен „Купување влијание: Пари и избори на Балканот“.
Една од главните причини за слабото санкционирање поради непочитување на правилата за финансирање е големата политизираност на наводно независните надзорни институции. Со цел истите ефикасно да работат, потребно е да се обезбеди нивна независност од политичко влијание.

Во Македонија, Косово и Србија веродостојноста на извештаите на политичките партии е оценета како најслаба од сите проценети области, се наведува во извештајот на меѓународната организација. Според овој критериум, Македонија се најде на претпоследното место во регионот во категоријата на земји со недоволно веродостојни финансиски извештаи од политичките партии за финансирање на предизборните кампањи. Во истата категорија на последно место е Косово.

Пред Македонија се најдоа Србија и Хрватска, кои се во повисоката категорија со просечна веродостојност на финансиските извештаи од политичките субјекти.
Истражувањето на „Транспаренси“ дополнително утврдило дека во Македонија и Србија никогаш не биле казнети политички партии за непочитување на правилата за финансирање на предизборна кампања.

„Една од главните причини за слабото санкционирање поради непочитување на правилата за финансирање е големата политизираност на наводно независните надзорни институции. Со цел истите ефикасно да работат, потребно е да се обезбеди нивна независност од политичко влијание“ се наведува во извештајот.

За Македонија како и за Косово и Србија се забележува недостиг на мерки против злоупотребите при финансирањето на политичките кампањи.

Македонија се најде на последно место во регионот според праксата и напорите за спречување на злоупотреби во финансирање на политичките кампањи. Земјава има најниска оценка за правната регулатива за спречување на злоупотреби која се оценува како просечна.
Одредени политички партии во Македонија на нивните интернет страници објавуваат информации за финансирањето на изборните кампањи, но само една политичка партија даде директен одговор на барање за информации за нејзиниот извештај во текот на истражувањето.

Практиката за спречување на злоупотреба, пак, се проценува како недоволна, а пред нас, според овие два критериуми, се сите земји кои се набљудувани во истражувањето: Косово, Србија и Хрватска.

Ефикасноста на невладиниот сектор во надзорот на политичките партии во Македонија е проценета како просечна. Во споредба со останатите држави, по овој критериум земјава е предпоследна во регионот.

Највисока оцена е доделена за објавувањето на информациите за финансирање на политички кампањи, но само за постоењето на законска обврска, што е проценето како добро. Сепак, оцената за примената на оваа пракса е просечна, а Македонија повторно е предпоследна во регионот со значајни разлики во споредба со Хрватска и Србија.

„Одредени политички партии во Македонија на нивните интернет страници објавуваат информации за финансирањето на изборните кампањи, но само една политичка партија даде директен одговор на барање за информации за нејзиниот извештај во текот на истражувањето“ се наведува во извештајот.

Ефикасноста на контролата на финансирањето е проценета како просечна, но во примената на истата Македонија повторно се најде на последно место во споредба со другите земји во регионот.
XS
SM
MD
LG