Достапни линкови

Парите на партиите во најголема тајност


На прагот пред нови избори, остануваат сомнежите дека финансирањето на политичките партии е нетранспарентно. Но што треба да се направи за да се внесе ред во финансирањето?

Парите ја вртат политиката, а во политиката се вртат многу пари. Нивната врска е нераскинлива. Партиите меѓусебно се обвинуваат за нелегално финансирање, но кога ќе ги запрашате како се финансираат, тие ќе ви кажат според законот и ќе се пофалат дека навремено и целосно доставуваат финансиски извештаи. Но, искуството покажува дека тие воопшто не се транспаренти кога е во прашање нивното финансирање.
За нас како Транспарентност Македонија е неприфатливо дека партиите немаат податоци за бројот на членови и за приходите од членарините. На тоа прашање само СДСМ ни даде прецизни бројки, додека помалите партии не дадоа ниту прецизни бројки, ниту прецизни податоци за бројот на членови. Тие оперираат со релативни бројки од 1100 до 20.000 членови, тоа се партиите како НСДП, НДП, СНСМ, некои од нив воопшто и не одговорија на сите прашања. Исто така сериозна критика заслужуваат и партиите кои се носители на власта, кои не се ни одѕваа на нашите повици за соработка.

Друг проблем е што финансирањето на партиите го надгледуваат неколку тела, но нивните овластувања завршуваат со покренување претставки до Јавниот обвинител за евентуално кривично гонење. Ако обвинителството одлучи дека има случај, следен на синџирот е Судот. До суд дошле неколку предмети, а до затвор дотурка само Љубе Бошковски, за неговата „Кампања“.

Транспарентност Македонија во изминатите две години го спроведува проектот „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“, преку кој континуирано го следи и го анализира финансирањето на политичките партии. Тие за да го изготват извештајот за 2012 испратиле прашалници до сите регистрирани партии, 51 на број. Но, на крај добиле пополнети извештаи само од 7 партии, од кој најголем број нецелосни извештаи.
Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија.

Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија.


Партиите не сакаат да ги откријат свoите финансии

Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија, вели дека најпоразителен заклучок од истражувањето е дека партиите не сакаат ниту да ги откријат свoите финансии, ниту вистински да дебатираат за проблемите со финансирањето.
Оваа одредба ги става во нееднаква позиција, како донаторите, така и политичките партии, зашто хипотетички е можно еден донатор да ја финансира целата кампања на одредена политичка партија или на повеќе партии, а во најлош случај на сите учесници во изборниот процес. Во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во 2011 година е препорачано лимитот за донации од правни лица да биде изразен во апсолутен износ, односно да се врати старата одредба која беше во сила до измените на Изборниот законик во 2011 година.

„За нас како Транспарентност Македонија е неприфатливо дека партиите немаат податоци за бројот на членови и за приходите од членарините. На тоа прашање само СДСМ ни даде прецизни бројки, додека помалите партии не дадоа ниту прецизни бројки, ниту прецизни податоци за бројот на членови. Тие оперираат со релативни бројки од 1100 до 20.000 членови, тоа се партиите како НСДП, НДП, СНСМ, некои од нив воопшто и не одговорија на сите прашања. Исто така сериозна критика заслужуваат и партиите кои се носители на власта, кои не се ни одѕваа на нашите повици за соработка. “

Делева вели дека ваквиот однос само укажува на нивната неподготвеноста да создадат инклузивни процеси во општеството и неможност да се носат со одговорностите за транспарентност и јавност кои произлегуваат од законите.

Финансиски извештаи колку да се рече

Ова е втора година како партиите се должни финансиските извештаи да ги доставуваат еднаш годишно, за разлика од претходно кога тоa го правеа на секои три месеци. Тие до 31 до март во годината треба да достават како работеле. Освен тоа тие се должни на својата официјална веб страница двапати годишно да ги објават имињата на донаторите на партијата. Најновите пак измени на Законот за финансирање на партии, од пред една недела, предвидува освен редовните приходи кои се издвојуваат од Буџетот за финсирање на партии, од 2015-та да се одвојат и дополнители 280 илјади евра за финсирање на Партиско истражувачко-аналитичките центри .Од Буџетот секоја година се одвојуваат по 0,06 проценти за партиите.
Тој наплив на притисок продолжува и кон другите власти како што е судската власт, невладиниот сектор, мислам дека имаме една пресија на сите полиња од страна на актуелната власт.

Законот често се менува, но партиските финансии и натаму во сива зона

Законот за финансирање на политичките партии донесен во 2004, досега претрпе 5 измени. Иако измените во 2009-та имаа за цел да ја зголемат јавноста и транспарентноста тоа не се случи, партиските финансии и натаму остануваат во сива зона.

Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија, вели дека извештаите на партиите воопшто не ја доловуваат реалната слика за нивното финансирање. А тоа според неа се должи на недостатоците во законската рамка.
Ако институциите се независни, законот им дава можност да контролираат, да покренуваат иницијативи за кривично гонење или слични иницијативи, тие се обврзани да го прават тоа. Првиот чекор нека се покрене од Државниот завод за ревизија или од Антикорупциска комисија или од Јавниот обвинител, значи сите да го прават она што им е надлежност по закон, а да не се вадат дека една од друга.

„Воопшто не ја даваат реалната слика. Кога на некое истражување ќе одговорот само 7 партии, тоа е многу мал број, а и тие што дадоа одговор дадоа општи податоци со кое не може да се комплетира едно истражување и да се види колку се тие транспарентни. Тоа е заради недостатоците во законската рамка. Законите кои се однесуваат на финансирањето на партиите, како законот за финансирање на партиите, така и Изборниот законик, се менуваат често, речиси секоја година, а сепак не ги отстрануваат клучните недостатоци.“

Но што треба да се направи за да се внесе ред во финансирањето?
Експертите велат дека треба да се ограничат донациите и роковите кога треба да се затворат изборните сметки.

Еден од недостатоците на одредбите за финансирање е одредбата која им дозволува на правните лица да донираат до 5% од приходот кој го оствариле во претходната година, вели Теодора Поповска, одговорна за односи со јавноста во граѓанската асоцијација МОСТ.
А изгледа дека уште помалку можеме да воспоставиме контрола во тоа финансирање, затоа што редот и контролата меѓусебно се поврзани, подразбираат и одговорност и отчет и подразбираат тие активности да се транспарентни, затоа што граѓаните, гласачите треба да знаат на кој начин се финансираат партиите за да знаат каква политика ќе водат и дали сакаат да поддржуваат таква политика.

„Оваа одредба ги става во нееднаква позиција, како донаторите, така и политичките партии, зашто хипотетички е можно еден донатор да ја финансира целата кампања на одредена политичка партија или на повеќе партии, а во најлош случај на сите учесници во изборниот процес. Во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во 2011 година е препорачано лимитот за донации од правни лица да биде изразен во апсолутен износ, односно да се врати старата одредба која беше во сила до измените на Изборниот законик во 2011 година.“

Таа објаснува дека со измени во 2012 организаторите на изборната кампања можат да отворат жиро-сметка за финансирање на изборната кампања веднаш по распишувањето на изборите, за разлика од досегашната одредба, според која тоа можеа да го направат дури откако ќе им бидат потврдени
кандидатските листи.

„Но, во новата одредба не постои рок за затворање на оваа сметка по изборите, како што тоа беше случај со претходната одредба. На ова реагираше и Државниот завод за ревизија, но за жал, и оваа препорака не беше прифатена.“

Регулаторните тела не си ја вршат работата до крај

Иако на последните парламентарни избори финансискиот извештај за ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика од 3, 5 милиони евра меѓу расходите и приходите, ниту една институција досега не го отвори овој случај. Тогаш прeмиерот Никола Груевски рече дека станува збор за долг кон одредени правни лица кој ќе се регулира и дека е подготвен да одговара ако нешто излегло од рамките на законите. Инаку во годишниот извештај за финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ за 2011 година, заведени се триста донатори, меѓу кои и директори на јавни претпријатија и нивни претходници, раководители во министерства, пратеници, советници во општини итн. Извештајот покажа дека 75 отсто од донациите од физичките лица биле уплатени само пет дена пред крајот на изборната кампања. А од 29 донатори, кои се правни лица, 28 биле медиуми.

Кај СДСМ пак најспорен дел до извештајот беше кредитот склучен со Kомерцијална банка во износ од 1,5 милион евра. Забелешката беше дека кредитот како извор на финансирање на изборната кампања воопшто не е спомнат во Изборниот законик, таква одредба нема ниту во Законот за финансирање на политичките партии.

Државната комисија за спречување на корупцијата, по минатите парламентарни избори поведе три постапки и тоа против СДСМ и против управителот на веќе непостоечките А1 телевизија и на Плус продукција, за неправилности во извештаите.

Многупати работата на државните тела кои ги контролираат финансиите на партиите, беа тема за препукување меѓу власта и опозицијата. СДСМ обвинуваше дека регулаторите стануваат партиски орган за борба против опозицијата. Власта, пак, уверуваше дека тие професионално и одговорно си ја врши работата. Државната антикорупциска и УЈП се најдоа и на мета на опозицискиот отпор, опозицијата протестираше и пред двете институции.

Голем проблем во Македонија во овој момент е една силна политизација на сите регулаторни тела, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

„Тој наплив на притисок продолжува и кон другите власти како што е судската власт, невладиниот сектор, мислам дека имаме една пресија на сите полиња од страна на актуелната власт.“

И поранешниот анатикорупционер Ариф Муса, се согласува дека има силан политичазција на институциите. Според него тоа што институциите не се ангажираат сериозно да ги разрешат сомнежите околу финансирањето е проблем кој лежи во раководителите на надлежните институции.
Тој не се согласува дека има пропусти и недоречености во легислативата, туку дека така им е полесно на институциите, вината да ја префрлат на друга институција или на легислативата.

„Ако институциите се независни, законот им дава можност да контролираат, да покренуваат иницијативи за кривично гонење или слични иницијативи, тие се обврзани да го прават тоа. Првиот чекор нека се покрене од Државниот завод за ревизија или од Антикорупциска комисија или од Јавниот обвинител, значи сите да го прават она што им е надлежност по закон, а да не се вадат дека една од друга.“

Недостасува политичака волја за промени

Многу надлежни институции, закони кои често се менуваат, немање волја тоа да се промени.

Останува впечатокот дека се уште не можеме да воспоставиме ред во финансирањето, вели претседателката на Транспаренси интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева.

„А изгледа дека уште помалку можеме да воспоставиме контрола во тоа финансирање, затоа што редот и контролата меѓусебно се поврзани, подразбираат и одговорност и отчет и подразбираат тие активности да се транспарентни, затоа што граѓаните, гласачите треба да знаат на кој начин се финансираат партиите за да знаат каква политика ќе водат и дали сакаат да поддржуваат таква политика. “

Тасева додава дека изгледа како партиите намерно да бегаат од темата-ред во финансирањето, а тоа им „поминува“ затоа што надлежните институции не ги спроведуваат до крај надлежностите.

„Секоја донација треба да подлежи на контрола од странана Управата за јавни приходи, во однос на тоа дали луѓето кои донирале тие средства ги заработиле, дали тоа се нивни лични средства и дали се оданочени. Колку се одложува плаќањето на сметките после изборите, ние гледаме некои сметки од претходните избори уште не се платени.“

Професор Никола Тупанчевски поранешен претставник на Македонија во ГРЕКО, на една трибина за финансирањето на партиите, ќе забележи:
„Добро ќе биде да има едно тело кое ќе биде задолжено за надзор и контрола на финансирањето на политичките партии, да не биде вака дисперзирано, инаку имате како викаат „повеќе бабици, килаво дете“, ова е повеќе од килаво.“

После сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и на ГРЕКО, блиску е денот кога тие мора да бидат прифатени и имплементирани, но експертите велат дека проблем е политичката волја. А и недостасуваат санкции, оти додека не се не се видат ефикасни санкции на прекршувачите на законите, работата ќе биде ваква.
Земјите од соседството со санкции се справуваат со неправилностите во финансиското работење. Ако државниот ревизор во соседна Бугарија утврди неправилности во финансиското работење на одредена политичка партија, истиот може да изрече забрана за учество на следните избори на таа партија. И во соседна Србија, Антикорупциската комисија има поголеми надлежности од поднесување иницијативи до органите на прогонот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG