Достапни линкови

logo-print

Премолчен договор за партиските пари


Партиските пари се кријат некаде меѓу непрецизните закони, пасивните институции и немањето политичка волја да се воспостави контрола во финансирањето на партиите и кампањите.

Финансирањето на политичките партии е тема за која се уште не постои отвореност и искреност кај политичките субјекти. Тие тврдат дека навремено ги доставуваат финансиските извештаи до потребните контролни органи и дека се е во согласност со законот, но искуството покажува дека сумата што ја потрошиле е скоро секогаш поголема од она што го добиле од донации. Според упатените, ред во оваа проблематика се воспоставува тешко оти законите во оваа сфера не се прецизни и докрај усогласени со меѓународните стандарди.
Затоа што ние од тоа кој плаќа потоа може да следиме кој добива тендери, кој добива договори, какви закони се носат, чии интереси се штитат, со еден збор каква политика воопшто ќе се води, што би била битна како некој ќе се определи, кога ќе гласа.

„Најголем дел од препораките од ГРЕКО кои се однесуваат токму на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи не сме ги имплементирале онака како што беше препорачана од ГРЕКО“, вели претседателката на Транспаренси интернејшнал- Македонија, Слаѓана Тасева.

Според поранешниот антикорупционер Ариф Муса, пак, законските прописи не се причина за ваквиот однос на партиите кон финансирањето. Партиите на власт или опозиција имаат премолчен договор за неспроведување на законот за финансирање на политичките партии, вели тој.

„Не дека немаме законска регулатива, еве и да не е толку прецизна колку европските, а верувајте дека е прцизна, нема имплемeнтирање, нема контрола од органите кои треба да го спроведуваат и да гледаат како се финансирани партиите.“
Треба некој од надвор навистина да им рече не може да трошите толку пари на кампањите и на финансирање на политичките партии без да дадете отчет за тоа.

Случајно или не, финансиските извештаи на партиите се секогаш општи, истите не ги содржат сите потребни податоци, а надлежните институции не обезбедуваат вооедначен образец за пријавување кој ќе биде детален. Посебен проблем претставува пасивниот однос на институциите задолжени за контрола на нивното работење, кои не ги спроведуваат докрај надлежностите. Но според Тасева најголемата корупција во системот доаѓа од политиката, и токму затоа и јавноста треба да покаже поголема свест во однос на ова прашање.

„Затоа што ние од тоа кој плаќа потоа може да следиме кој добива тендери, кој добива договори, какви закони се носат, чии интереси се штитат, со еден збор каква политика воопшто ќе се води, што би била битна како некој ќе се определи, кога ќе гласа“, објаснува Тасева.

Муса, пак, додава дека без вистинска политичка волја и строга контрола од соодветните институции партиските финасии ќе останат сива зона.

„Треба некој од надвор навистина да им рече не може да трошите толку пари на кампањите и на финансирање на политичките партии без да дадете отчет за тоа.“

Дејствувањето на партиите се дел од едно демократско општество и тие треба да се финансираат за да работат, велат нашите соговорници. Исчекор во оваа насока е и фактот дека освен редовните приходи кои се издвојуваат од Буџетот за финансирање на партиите, од 2015 година ќе се одвојат дополнителни 280 000 евра за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри. Ова е втора година откако партиите се должни финансискиските извештаи да ги доставуваат еднаш годишно, наместо на три месеци како што претходно се правеше. До државниот завод за ревизија годишни извештаи за добиените донации досега доставиле ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛП, ЛДП, НСДП, ДУИ, ДС, ПЕИ, ВМРО-ДП и партијата Достоинство.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG