Достапни линкови

logo-print

Политичките реклами нервираат, ама вршат работа


Бомбардирањето со политички реклами може да им здодее на дел од гласачите, но таквиот ефект е минимален.

Какво е чувството кога Вашата омилена програма е прекината со платен политички маркетинг? Се ветуваат нови градинки, гасификација, нови цркви, проширување на улици и слични проекти во општините, сето тоа во рамки на предизборната кампања. Граѓаните се со поделени мислења за платениот политички маркетинг. Некои велат дека им е здодеано додека на други не им пречат ветувањата на политичарите
Мизерија е ова што се работи, ова не било ни ќе биде. До малите деца веќе, сите ги знаат рекламите. Доста веќе, да се престане.

„Политички реклами – некои не ми одговараат, некои се супер.“

„Не сакам да чујам за политика.“

„Мизерија е ова што се работи, ова не било ни ќе биде. До малите деца веќе, сите ги знаат рекламите. Доста веќе, да се престане“, велат анкетираните граѓани во центарот на Скопје.

Политикологот Здравко Савески вели дека зачестените реклами може да им здодеат на дел од гласачите, но таквиот ефект е минимален.
Има таков број на луѓе кои едноставно нема да гласаат за некоја партија бидејќи е претерано политичкото рекламирање, но на многу граѓани несвесно им влијае на ставот преобемноста на политичкиот маркетинг. Кога ќе се споредат тие две категории, обично се добива сознанието дека далеку повеќе има корист од преголемото рекламирање, отколку штета.

„Има таков број на луѓе кои едноставно нема да гласаат за некоја партија бидејќи е претерано политичкото рекламирање, но на многу граѓани несвесно им влијае на ставот преобемноста на политичкиот маркетинг. Кога ќе се споредат тие две категории, обично се добива сознанието дека далеку повеќе има корист од преголемото рекламирање, отколку штета.“

Во поглед на зачестеноста на рекламите, не случајно во земјава има закон во врска со платениот политички маркетинг, вели Савески.

„За жал во Македонија премногу не се почитуваат тие одредби од законот, се заобиколуваат на 1001 начин и на штета на граѓаните и нивното објективно донесување на суд, на одлука на изборниот ден, бидејќи испаѓа дека оние партии кои имаат повеќе финансиски средства имаат подобра стартна позиција од оние што ги немаат тие финансии“, вели Савески.

Социологот Илија Ацески вели дека политичките реклами се карикатурални, со тоа што создаваат впечаток дека ако одреден проект не се случи, пропаста е близу.

„Затоа слушајќи ги слоганите, слушајќи ја пропагандата, создава една психолошка бариера, помалку или повеќе почнуваме да го мразиме тој политички и демократски простор таков каков што е“, вели Ацески.

Инаку, судејќи по изјавите на дел од политичарите, една секунда рекламирање на националните телевизии чини 10 евра, за разлика од рекламите на претходните избори кои, според информации во медиумите, се наплаќаа по 100 евра за една секунда.
XS
SM
MD
LG