Достапни линкови

Албанија - опозијата во благо водство


Власта и опозицијата во Албанија прогласија победа на вчерашните парламентарни избори. Но, според нецелосните првичните резултати опозицијата е во благо водство.

Во отсуство на официјални резултати, и владејачката Демократска партија на премиерот Сали Бериша и опозициските социјалисти предводени од Еди Рама прогласија победа. Мегутоа, според првичните нецелосни резултати, опозицијата е во благо водство. Лидерот на социјалистите Еди Рама изјави дека силите на злото биле победени.

Албанскиот премиер Сали Бериша.

Албанскиот премиер Сали Бериша.


Според Социјалистите опозицијата освоила 55,5 проценти од гласовите, наспроти 43,5 на власта. Демократите на Бериша, пак, тврдат дека тие победиле. Владејачката партија освоила 48 отсто од гласовите, наспроти 46 на опозицијата.
Ги повикав сите Албанци да гласаат цивилизирано. Нивниот глас ќе биде почитуван.

По тензичната кампања, тензично мина и гласањето во Албанија. Еден човек беше убиен, а двајца беа ранети во пукање на едно гласачко место во градот Лач. Еден од ранетите е кандидат од Демократската партија на премиерот Сали Бериша.

„Ги повикав сите Албанци да гласаат цивилизирано. Нивниот глас ќе биде почитуван“, изјави Бериша.

До пукањето наводно дошло по расправија меѓу симпатизери на Демократската партија на Бериша и на опозициското Социјалистичко движење за интеграција на Еди Рама, кој, пак, изјави:

„За жал овие избори почнаа со убиство во дел на земјата каде луѓето се тероризирани од криминалци и каде нема полициска контрола.“

По инцидентот биле уапсени седум луѓе.
Социјалистичка Партија на Албанија

Социјалистичка Партија на Албанија


ЕУ предупреди дека изборите на кои треба да се изберат пратеници во 140-члениот албански парламент треба да ги исполнат меѓународните стандарди ако Албанија сака да ги започне пристапните разговори за членство во Унијата.

Двете страни во текот на кампањата се обвинуваа за разни неправилности. Демократите на Бериша ветуваа нови инвестиции и повисоки плати и пензии, а социјалистите на Рама расчистување со криминалот и корупцијата во Албанија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG