Достапни линкови

Европска гангстерска лига на шампиони


Зградата на Еуропол во Хаг
Зградата на Еуропол во Хаг

Зголемениот шверц преку Црно Море, многубројните илегални балкански рути и значителниот пораст на имигранти преку Грција доведоа до формирање таканаречена Балканска оска за шверц до и од ЕУ. Ова се наведува во извештајот на Европол во кој се додава дека и покрај тоа што криминалните групи стануваат се помултиетнички, бандите кои зборуваат на албански јазик претставуваат еден од најголемите проблеми.

Во рамките на Европската унија, албанските криминални групи се активни во шверцот на кокаин, хероин, канабис и синтетичка дрога, се вели во извештајот на Европол во кој се додава дека тие биле познати и по нивната употреба на екстремното насилство.
Албанско говорните, турските и бандите од поранешниот Советски Сојуз се обидуваат да ги прошират своите интереси во Европската унија и сакаат да ги искористат можностите од евентуалниот прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

„Многумина нивни членови се со разузнавачка, полициска или паравоена позадина“, оценува Европол.

Во врска со шверцот со оружје, во извештајот на Европол се говори за големи нелегални залихи во Албанија, Босна и Хрватска и за пристап до значително количество на антитенковски ракетни лансери и противвоздушна опрема.

Европол додава:

„Албанско говорните, турските и бандите од поранешниот Советски Сојуз се обидуваат да ги прошират своите интереси во Европската унија и сакаат да ги искористат можностите од евентуалниот прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната, како и од последните, но и од потенцијалните исклучувања од визниот режим за државите од Западен Балкан, Украина и Молдавија.“


Директорот на Европол Роб Вејнрајт вели:

„Направивме објективен извештај без политичко влијание. На креаторите на политиката е да пресудат како ќе реагираат. Ќе го проследиме до министрите за внатрешни работи во јуни и на нив е да решат за приоритетите.“

Тој потенцира дека најавеното пристапување на Бугарија и Романија во Шенген и визната либерализација за Украина отвораат нови можности за организираниот криминал.
Но, не треба да ја преценуваме и силата на сегашните гранични режими. Криминалците најдоа многу начини и со нив да оперираат во Унијата.

„Но, не треба да ја преценуваме и силата на сегашните гранични режими. Криминалците најдоа многу начини и со нив да оперираат во Унијата“, наведува Вејнрајт.

Тој додава дека поради комплексните односи меѓу различните групи тешко може да се зборува за Лига на шампиони на криминалните банди во Европа.

Меѓутоа, тој потенцира дека албанските групи, западно африканските банди, традиционалните италијански организации и новите литвански и полски групи претставуваат исклучителна закана.


Други наоди во студијата покажуваат дека бандите ги експлоатираат немирите во Либија и Тунис, пред се во организирањето трансфер на илјадници илегални имигранти во Европа.

Исто така се забележува дека е зголемен бројот на имигранти од земјите во кои се активни исламските терористички групи, како Чеченија, Авганистан, Ирак, Пакистан и Сомалија.

Европол додава дека економската криза натерала повеќе професионалци по фармација, инженерство, право и финансии да работат со криминалци.

Од друга страна, се поголемата софистицираност во трговијата со луѓе се гледа и во податокот дека една ирачка банда со седиште во Шведска купила мала авиокомпанија за да шверцува луѓе, а бандите се почесто префрлаат средства на офшор сметки во Британија и Обединетите Арапски Емирати.

Но, експертите се посебно исфрустрирани од појавата на трампа на пазарот, при што една банда и плаќа на друга со украдени пиштоли или со дрога.

Но и ЕУ извезува проблеми во други земји. Нелегални фабрики за цигари во Полска или за метамфетамин во Чешка ги снабдуваат пазарите во Западен Балкан и во поранешниот Советски Сојуз, се наведува, меѓу другото, во извештајот на Европол.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG