Достапни линкови

Разрешен муфтијата што ја уриваше џамијата во Струга


Мустафа Челеби џамија во Струга.
Мустафа Челеби џамија во Струга.

ИВЗ го разреши струшкиот муфтија Ферат Полиси, по случувањата со уривањето на Мустафа Челеби џамијата.

После случувањата со рушењето на дел од Мустафа Челеби џамијата во Струга, ИВЗ попладнево го разреши струшкиот муфтија Ферат Полиси. Причина, како што инфирмираат од ИВЗ, било токму рушењето на џамијата наместо реконструкција и ревитализација на објектот и заштита на отоманската архитектура.
Никој не смее да преземе градежни работи без дозвола на стручните служби за заштита како што се Завод и музеј Охрид, Управата за заштита на културно наследство, Министерството за транспорт и врски. За тие објекти нема надлежност општината, надлежно е Министерството за транспорт и врски. Општината нема никакви ингеренции. Не ми е јасно какво одобрение добило муфтиството од локалната самоуправа, и тоа е невалидно.
Тања Паскали Бунташевска, Завод и Музеј Охрид.

Пет века старата Мустафа Челеби џамија во Струга изминативе неколку дена се уриваше. Иако денес прекинаа сите активност по реакцијата на надлежните институции, на терен ситуацијата е очајна. Урната е една од куполите, и дел од објектот. Од Муфтиството на ИВЗ во Струга велат дека станува збор само за новиот дел од џамијата изграден пред 20 години, додека делот кој бил под заштита нема да се урива.

Муфтијата Ферат Полиси кажа дека ги поседувале сите потребни одобренија, иако директорката на Завод и музеј Охрид под чија надлежност е и оваа џамија вели дека никакво одобрение не е издадено и оти надлежни за тоа биле Управата за културно наследство и Министерството за транспорт и врски но не и општината.

Муфтијата Ферат Полиси уште еднаш се покажа дека е во служба на ДУИ и градоначалникот Мерко. Авторите на уривањето на оваа џамија, воопшто не се разликуваат од уривачите на старите џамии на овие краишта од времето на Српската Кралевина.
Лавдрим Елмази, огранок на ДПА во Струга.
„Никој не смее да преземе градежни работи без дозвола на стручните служби за заштита како што се Завод и музеј Охрид, Управата за заштита на културно наследство, Министерството за транспорт и врски. За тие објекти нема надлежност општината, надлежно е Министерството за транспорт и врски. Општината нема никакви ингеренции. Не ми е јасно какво одобрение добило муфтиството од локалната самоуправа, и тоа е невалидно“, рече Тања Паскали Бунташевска, директор на Завод и Музеј Охрид.

Муфтијата Полиси вели дека со Турскиот амбасадор во Скопје пред неколку дена бил потпишан и меморандум, во кој било прецизирано што смее да се урива и што е под заштита. Директорката Паскали Бунташевска вели дека тоа не е точно и оти уривањето на џамијата еднаш веќе било одложено по реакцијата на турската амбасада во Македонија.

„Имам сознанија дека е потпишан меморандум за нерушење на џамијата, не само на најстариот дел. Јас за друг меморандум не знам освен тој што беше. Јас знам дека турската амбасада е против ова што се случува“, рече Бунташевска.

Реагираа и политичките партии. Лундрим Елмази, претседател на огранокот на ДПА вели дека во Струга има многу места каде што може да се гради џамија, и оти решението никако не требало да се бара во уривање на петвековна џамија

„Муфтијата Ферат Полиси уште еднаш се покажа дека е во служба на ДУИ и градоначалникот Мерко. Авторите на уривањето на оваа џамија, воопшто не се разликуваат од уривачите на старите џамии на овие краишта од времето на Српската Кралевина. На исламските верници во Струга им треба муфтија кој ќе ги брани нивните џамии, исламската култура и исламот во Струга, а не да ги урива. Затоа стружани не заслужуваат една марионета на Рамиз Мерко како што е муфтијата Ферат Полиси“, рече Лавдрим Елмази, претседател на огранокот на ДПА во Струга.

Засега официјален став од Амбасадата на Турција нема. Од Охридскиот музеј велат дека некој треба да подлежи на одговорност, но оти нивните ингеренции тука завршуваат, и дека на сцена треба да стапат надлежните државни инспекторати.
XS
SM
MD
LG