Достапни линкови

logo-print

Средношколци со водич за верски туризам во Тетово


Лешочкиот манастир Свети Атанасиј.

Лешочкиот манастир Свети Атанасиј.

Средношколците од земјоделското училиште Моша Пијаде изработиле водич за многубројните цркви и џамии кои ги има во Тетово и околината.

Лешочкиот манастир Свети Атанасиј, Шарената Џамија, Дервишкото Арабати Баба Теќе, црквата Свети Атанасиј на тетовското Кале, се само дел од многубројните верски објекти кои го красат тетовскиот крај. Ги има многу, пленат со нивната древност и убавина, но колку од нив се посетени и дали можат да претставуваат потенцијал за развивање на верскиот туризам во овој крај на државата.
Проектот е изработен на терен од страна на учениците, бевме на терен, ги сликавме и зедовме информации за верските објекти. Целта ни беше кога странските туристи доаѓаат во Тетово да знаат да се снајдат со овој водич во кој накратко е опишано каде се наоѓаат тие објекти и кога се изградени.

За таа цел, средношколците од земјоделското училиште Моша Пијаде преку проектот „Верскиот туризам во Тетово“ изработија водич за многубројните цркви и џамии кои ги има во Тетово и околината. Водичот е во форма на брошура и има цел да ги информира посетителите на Тетово за можноста за посета на големиот број верски објекти.
Шарената џамија во Тетово.

Шарената џамија во Тетово.


Идејата е преку промоција на објекти од различни религии да се популаризира верскиот туризам и да се привлечат туристите ширум светот, посочува професор Агим Асани од земјоделско училиште Моша Пијаде.

„Проектот е изработен на терен од страна на учениците, бевме на терен, ги сликавме и зедовме информации за верските објекти. Целта ни беше кога странските туристи доаѓаат во Тетово да знаат да се снајдат со овој водич во кој накратко е опишано каде се наоѓаат тие објекти и кога се изградени“, вели Асани.
Тука доаѓаат луѓе од сите вероисповести и секого кога го голицка нешто од внатре и за другата вера, прашуваат. Се потрефи да има една крштевка во еден момент, луѓете се интересираат што значи крштевањето, и ние им објаснуваме.

Водичот го изработуваа средношколци од различни религии и националности од Земјодеделското училиште, овозможувајќи нивно меѓусебно запознавање и зближување, вели ученичката Сибелџај Ахмети.

„Целта ни е во најдобро светло да ги прикажеме верските објекти, не се работи за посебна вера и нација, туку едноставно само дружење.“

Лешочкиот манастир е најпознат како древно православно светилиште, но во исто време претставува и еден мост за меѓурелигиско запознавање. Овој верски објект, покрај православните верници, како историско-туристичка атракција го посетуваат и луѓе од други религии. На тој начин посетителите се запознаваат со правславната вера и црквите, вели отец Теодосиј, игумен на Лешочкиот манастир.

„Тука доаѓаат луѓе од сите вероисповести и секого кога го голицка нешто од внатре и за другата вера, прашуваат. Се потрефи да има една крштевка во еден момент, луѓете се интересираат што значи крштевањето и ние им објаснуваме.“

Според претставниците од МПЦ и ИВЗ, верските објекти во полошко се посетуваат, но сепак од 2001 година е забележано намалување на бројот на туристи. Од двете верски заедници се согласни дека треба да има стратегија за овој таканаречен верски туризам.
XS
SM
MD
LG