Достапни линкови

Верските чуства на граѓаните се злоупотребуваат во политички цели, децидни се верските старешини. Според експертите, преку религијата се одвлекува вниманието од реалните проблеми на граѓаните.

Верските чувства на граѓаните се злоупотребуваат во политички цели, децидни се верските старешини. Веронаука во училиштата, црква или џамија на скопскиот плоштад, обнова на џамијата во Прилеп, обнова на параклисот во струшкото село Октиси... Ова се само дел од настаните кои ги брануваат верските заедници во последниве неколку месеци.
Религиозните институции се составени од луѓе, некои се подложни, некои помалку подложни. Не можеме да кажеме дека сите се спремни да бидат служители на дневната политика, но не може да кажеме и дека нема некои што сакаат да бидат.

Секоја власт се обидува да ги стави под „своја капа“ - литургија на црковни свештеници

Секој сака да ја стави религијата под своја контрола

Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј вели дека секој и од секогаш се обидувал да ја стави религијата под контрола и во своја служба. Не е ништо ново и денеска, поединци да се обидуваат да ја злоупотребат, доколку црквата и општо религијата не е подготвена да даде отпор и да се одбрани од таквите желби, вели Тимотеј.

„Религиозните институции се составени од луѓе, некои се подложни, некои помалку подложни. Не можеме да кажеме дека сите се спремни да бидат служители на дневната политика, но не може да кажеме и дека нема некои што сакаат да бидат.“

Рамадани: Груевски прв премиер со верска титула

Оџата Рамадан Рамадани, кој е член и на Координативниот одбор за обнова на Бурмали џамија вели дека има низа фактори поради кои се влошуваат меѓурелигиските односи, особено меѓу двете најголеми религии –
Она што е индикативно и кое може да се посочи како за прв пат во македонската историја, е дека ние имаме премиер кој јавно бил оквалификуван со верска титула – пастир.
православните христијани и муслиманите. Според Рамадани, државата се однесува неправедно и ја привилегира Македонската православна црква на сметка на другите верски заедници.

„Она што е индикативно и кое може да се посочи како за прв пат во македонската историја, е дека ние имаме премиер кој јавно бил оквалификуван со верска титула – пастир.“

Рамадани вели дека и МПЦ и Институтот за верски заедници се многу подложни на политичките случувања.

„Имајќи го предвид нивното комунистичко минато и преживување во времето на комунизмот, тоа се слаби институции, нестабилни и многу се под влијание на политичките случувања.“

Отворање на религиозни прашања за прикривање на вистинските проблеми

Социологот Татјана Стојановска вели дека прашањата поврзани со религијата особено излегуваат на површина во последниве две години.
Религиски тензии за одвлекување на вниманието од реалните проблеми? - прослава на државниот празник Рамадан во џамија во Скопје

„Докажано е дека кога се сака да се скрие нешто, да се дефокусира јавноста од егзистенцијалните проблеми, тука се отвораат прашања поврзани со религијата.“

Стојановска вели дека ако верските прашања ги кренете на државно ниво може да настанат многу големи проблеми.
Интелектуални, политички, државни елити да си ги решаваат проблемите од суштествено значење, да не бегаат од реалните проблеми, затскривајќи се зад религијата.

„Во одредени периоди на развојот на човештвото имате „крв до колена“ ако дојде до инволвирање на религијата во прашањата поврзани со државата.“

Таа посочува дека е во најмала рака, безобразно да се игра со верските чуства на граѓаните. Треба апсолутно да се почитуваат принципите на секуларноста на државата, вели Стојановска.

„Интелектуални, политички, државни елити да си ги решаваат проблемите од суштествено значење, да не бегаат од реалните проблеми, затскривајќи се зад религијата.“

Стојановска препорачува интелектуалните елити да дигнат таканаречена „религиско-морална“ паника, за да се спречи злоупотреба на верските чувства на граѓаните во политички цели.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG