Достапни линкови

Сторителите не се фатени, јавноста да биде трпелива


Премиерот Никола Груевски и министерката Гордана Јанкулоска на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство кај Смиљковци.

Премиерот Никола Груевски и министерката Гордана Јанкулоска на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство кај Смиљковци.

Голем дел од информациите до кои МВР има дојдено досега не се целосно обработени, а дел од деталите до кои е дојдено не можат да се изнесат во јавноста во интерес на истрагата, рече министерката Гордана Јанкулоска.

Сите информации од типот дека сторителите се веќе фатени или дека МВР е на чекор до нивно откривање, за жал во овој момент не се точни, изјави министерката Јанкулоска по неколкучасовната средба на полицискиот врв со премиерот Груевски, на која бил реконструиран целиот настан и се што околу тоа се случуваше претходниве денови. Времето кое ни е потребно е нешто што сериозно влијае на квалитетот на истрагата.
Подгревањето на очекувањата дека вакво нешто може да се реши веднаш и сега не одат во прилог на истрагата.

Премиерот Никола Груевски на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство

Премиерот Никола Груевски на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство

Таа рече и дека и во овој момент треба сите да ја одиграат својата улога во насока на отфрлање на шпекулациите и смирување на тензиите кои ги создава целиот настан.

„Времето кое ни е потребно е нешто што сериозно влијае на квалитетот на истрагата. Подгревањето на очекувањата дека вакво нешто може да се реши веднаш и сега не одат во прилог на истрагата.“

Голем дел од информациите до кои МВР има дојдено до сега не се целосно обработени, а дел од деталите до кои е дојдено не можат да се изнесат во јавноста во интерес на истрагата, рече Јанкулоска.
Од една страна имаме обезбедено информации и траги, но од друга страна сето тоа изискува време за прецизна анализа, на кое ние не можеме да влијаеме.

Таа апелираше за трпение до јавноста и во врска со тоа затоа што, како што рече, може само да ја отежне постапката.

Коментарите околу мотивите можат да и наштетат на истрагата, исто како што и евентуалните сознанија поврзани со бројот на сторителите и употребеното оружје за кои постојат одредени претпоставки, изјави Јанкулоска, потенцирајќи повторно дека станува збор за најобемен полициски случај досега и најтешко кривично дело на кое до сега работело МВР.

„Се работи за исклучително тежок случај, се работи за убиство каде што од една страна имаме обезбедено информации и траги, но од друга страна сето тоа изискува време за прецизна анализа, на кое ние не можеме да влијаеме.“

Ниедна информација не се потценува, рече Јанкулоска, вклучувајќи ги и предупредувањата на одредени вооружени групации, иако според досегашните сознанија за нив нивните пораки делуваат нерелно.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG