Достапни линкови

Скопје - истрага и протести


Во Скопје протести на стотина лица пред владата, додека МВР и натаму работи на откривање на сторителите на петкратното убиство.

Стотина претежно млади лица протестираа денеска пред владата на Република Македонија поради минатонеделното петкратно убиство во близина на Скопје, јави репортерот на Радио Слободна Европа. Тие фрлале и камења кон полицијата, зградата и врз новинарите кои го следеле протестот кој делумно продолжил и пред Собранието. Во насилните протести оштетени се полициски возила и дел од зградите во централното гратско подрачје. Групите се организирале на протест преку социјалните мрежи.

Претходно МВР потврди дека автомобилот марка „Опел омега“ со темноцрвена боја бил на местото на убиството кај Смиљковци. Возилото беше пронајдено во близина каде што беше извршено кривичното дело. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска упати апел до граѓаните доколку некој го видел возилото да ги сподели информациите со полицијата.

„Возилото за кое информирав вчера се потврди дека е користено, односно било на местото на извршување на кривичното дело. Многу е веројатно да било користено во контекст на извршеното кривично дело. Треба детално да се изанализира, постојат хемиски процеси за кои е потребно време. Возилото е донесено во Република Македонија од странство и е со скопски таблички од друго возило. Тоа не е регистрирано веќе некое време во Македонија, што сугерира дека не било во редовен сообраќај“, изјави Јанкулоска.
Скопје - протести пред Владата и Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00
Taa вели дека оперативниот штаб на МВР и натаму работи на откривање на сторителите на кривичното дело. Активностите продолжуваат и на терен, меѓутоа продолжуваат и во поглед на анализа на податоците до кои дошле.
Истрагата оди во добра насока, еден помал дел од податоците кои веќе ги имаме се обработени, а за целосна нивна обработка се потребни уште неколку дена за да може да излеземе со поконкретни информации.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

„Наша констатација е дека истрагата оди во добра насока, еден помал дел од податоците кои веќе ги имаме се обработени, а за целосна нивна обработка се потребни уште неколку дена за да може да излеземе со поконкретни информации“, вели Јанкулоска.

Министерката се осврна и на јавните собири во знак на револт за убиството и порача тие да поминат мирно.

​„Апелираме до граѓаните доколку одлучат да дадат поддршка на некои од овие јавни собирања тоа да го прават мирно бидејќи секој полициски службеник ни е драгоцен и е многу покорисен доколку работи на расчистување на кривичното дело наспроти обезбедување на било кој настан“, рече Јанкулоска.

Таа повика и на трпение бидејќи сите информации кои сметаат дека може да ги споделат со јавноста ќе бидат ставени на увид.
XS
SM
MD
LG