Достапни линкови

Во Скопје е мирно, но атмосферата е напната во очекување да се најдат сторителите на петкратното убиство во Смилковци.

Безбедносната состојба на терен е стабилна, нема инциденти, ниту какви и да се сознанија кои би воделе кон опасност за нарушување на безбедноста во земјава, велат од МВР. Тензиите се очигледни и тие се создаваат во врска со очекувањата да се најдат сторителите на петкратното убиство, а истовремено постојат и многубројни обиди да се подгреат, додаваат извори во министерството, но состојбата е стабилна.
Без разлика на која припадност се, значи во нашето општество треба да се доградува една култура на безбедност и реципрочна доверба меѓу луѓето.

​За распореденоста на полицијата на терен не се даваат информации. Смирувачки пораки од секаде, очекувањето на резултатите од истрагата го отвора просторот за различни коментари и прогнози.
Насилни протести во Скопје на 16 април по петкратното убиство во Смиљковци.

Насилни протести во Скопје на 16 април по петкратното убиство во Смиљковци.


Внимателноста е најважна во ваквите чувствителни моменти, вели професорот Назми Малиќи. Она што, според него, загрижува во целата состојба е дека таа покажува колку недостасува вистинска доверба меѓу граѓаните.

„Без разлика на која припадност се, значи во нашето општество треба да се доградува една култура на безбедност и реципрочна доверба меѓу луѓето.“
Ова отпочнување на преговори со Европската унија и така натака, значи сите тие процеси евроатласнsки, интегративни процеси на Република Македонија да се блокираат, затоа што на Балканот па и во Европа се уште постојат центри кои мислат дека е можно редефинирање на границите на Балканот.

Безбесносните структури и јавните личности треба да се на висината на својата одговорност и улога и да бидат внимателни во своите настапи, додава Малиќи, а најважно е безбедносните структури да влеваат доверба дека во ниту еден момент не излегуваат надвор од својата професионалност и државничка улога.

Професор Јован Донев во петкратноот убиство не гледа како на постоење на безбедносни тензии во земјава кои би можеле да ескалираат зошто поголема и свеста на граѓаните во однос на она што ни се случуваше во 2001, но секогаш гледа опасност постоечките меѓуетнички односи да бидат изманипулирани за пошироки интереси во балканскиот контекст.

„Ова отпочнување на преговори со Европската унија и така натака, значи сите тие процеси евроатлански, интегративни процеси на Република Македонија да се блокираат, затоа што на Балканот, па и во Европа се уште постојат центри кои мислат дека е можно редефинирање на границите на Балканот а во функција на евентуално задоволување на новата политичка карта и решавањето на името“, вели Донев.

Од друга страна како што додава, Македонија и натаму е заложник на случувањата на Балканот како и нестабилноста на опкружувањето.
XS
SM
MD
LG