Достапни линкови

Марковите кули во заборав


Калето „Маркови Кули“ во Прилеп.
Калето „Маркови Кули“ во Прилеп.

Тврдината Маркови кули во Прилеп пропаѓа, а институциите си ги префрлаат надлежностите за тоа кој треба да се грижи за овој споменик да не се уништи.

Калето кое што гордо се издига на северната страна и е симбол за Прилеп, Маркови Кули со сите свои културни вредности, но и како споменик на природата е оставен на забот на времето. Дрвокрадци ги сечат ретките дрвја, намерници ги оштетуваат карпите, го уништуваат уникатниот живопис, ги кршат македонски антички гробници и други археолошки наоди од древниот град Прилеп.
Маркови Кули како да е еден несреќен случај, како да се наоѓа во некој вакум. Не се наоѓа начин сериозно да му се пристапи и од аспект на заштита и од аспект на истражување и од аспект на категоризирање. Институциите од културен аспект и локалната самоуправа треба да направат една координација, сите во доменот на своите ингеренции на Маркови Кули, значи да најдеме начин да го заштитиме.
Тренчо Димитриоски, писател и истражувач.

Оваа тврдина која е комплексен и капитален споменик на културата ја раскажува приказната која поврзува милениуми. Затоа почната беше постапка за заштита и ставање на листата на споменици заштитени во УНЕСКО. И наместо активности во таа насока, евидентен е процесот на девастација на Маркови Кули.

„Маркови Кули како да е еден несреќен случај, како да се наоѓа во некој вакум. Не се наоѓа начин сериозно да му се пристапи и од аспект на заштита и од аспект на истражување и од аспект на категоризирање. Институциите од културен аспект и локалната самоуправа треба да направат една координација, сите во доменот на своите ингеренции на Маркови Кули, значи да најдеме начин да го заштитиме“, забележува Тренчо Димитриоски, писател и истражувач.
Ели Милошеска, директорка на Институт за старословенска култура.
Ели Милошеска, директорка на Институт за старословенска култура.

Тој со години ги истражува слоевитите наоди на овој археолошки локалитет. Како што вели ситуацијата со Маркови Кули е сериозна, зашто локалитетот се наоѓа во катастрофална состојба, со видливи оштетувања од дивите копачи.
Покрај тоа што имаме побарано вработување за чуварска служба, ние немаме добиено никаков одговор. Одговорот е дека тоа треба да биде направено со планот за управување. Меѓутоа ние не можеме да го сработиме планот, немаме стручен кадар, немаме стручна екипа.
Ели Милошеска, директор на Институт за старословенска култура.

Од Завод и Музеј тврдат дека немаат никаква надлежност врз локалитетот. Институт за старословенска култура има законска обврска да го штити, но како споменик на природата. Министерството за животна средина пред 3 години го задолжи Институтот да подготви план за заштита, но ништо од тоа не е направено.

„Покрај тоа што имаме побарано вработување за чуварска служба, ние немаме добиено никаков одговор. Одговорот е дека тоа треба да биде направено со планот за управување. Меѓутоа ние не можеме да го сработиме планот, немаме стручен кадар, немаме стручна екипа. Пред се сакам да разговарам со градоначалникот Марјан Ристески, заедно можеби би настапиле во животна средина, да се измени законот и да му се даде на некој друг да управува со овој споменик“, вели Ели Милошеска, директорка на Институтот.

Таа додава дека од тој договор со Министерството е направена анализа на физичко-географските карактеристики и приказ на биолошката разновидност на споменикот, но не и планот за управување. Со формирање на посебен центар или одделение во Општината овој капитален споменик ќе биде ставен под заштита.

Инаку, сите досегашни откритија од локалитетот се чуваат во депото на Институтот и стојат на располагање на сите научни работници и студенти, кои сакаат да го истражуваат.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG