Достапни линкови

logo-print

Спомен куќата на Стив Наумов се распаѓа


Македонскиот херој кој бил на чело на партизанските одреди во Битола и загинал на 22-годишна возраст заборавен од надлежните.

Додека во Македонија се градат Триумфални порти, големи споменици и нови музеи, не ретко се распаѓаат спомен куќи на народни херои кои како партизани го дале животот за слобода на Македонија. Така, веќе со години не е реновиран спомен музејот на народниот херој Стив Наумов од Битола, кој уште во минатото беше отворен во неговата родна куќа, а
Основната цел е таа куќа да биде во употреба. Да можат граѓани, ученици да ја посетуваат, да знаат како почнала НОБ

денес е под клуч.

Станува збор за борец кој бил на чело на партизанските одреди во Битолско и загинал на 22-годишна возраст во борба со фашистите кај село Болно, Преспа заедно со поетот Мите Богоевски.

„Ние бевме во посета на спомен музејот, прво требаше да се отстранат некои недостатоци, покривот капеше. Основната цел е таа куќа да биде во употреба. Да можат граѓани, ученици да ја посетуваат, да знаат како почнала народно-ослободителната борба, што претсавувал Стив Наумов како човек во револуцијата и друго. Се работи за народен херој кој има големи заслуги од НОБ, прв секретар на комитетот во времето кога се дигаше револуцијата. Затворен е објектот и никој не живее во него“, вели Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола.

За реконструкција на спомен куќата борците побараа помош од битолската општина.

„Претставниците на Сојузот на борци доставија една програма која треба да се реализира, имаат неколку барања, пректични предлози.
Стив Наумов е едно од најсветлите имиња во историјата на Битола.
Јас ги разгледав и се прифатливи меѓу нив е и санација на спомен куќата на Стив Наумов. Тоа ќе го направиме зашто Стив Наумов е едно од најсветлите имиња во историјата на Битола“, рече градоначалникот Владимир Талески.

Во Битола има неколку спомен куќи на борци, меѓу кои и онаа на Гоце Делчев во која престојувал 1901 година кога сакал да се сретне со Даме Груев. Во изминатите години и нејзините станари имаа проблем со одржувањето.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG