Достапни линкови

Изложба „Прилеп низ стари фотографии“


Прилеп во минатото

Прилеп во минатото

Триесет фотографии со мотиви од стар Прилеп содржи последната трајна поставка што ја изработи прилепскиот Завод и музеј за да се долови духот на градот, низ архитектурата и животот на предците.

Поставката опфаќа период од 1888 година па до 60-те години на 20 век. Најголем број од фотографиите се подарок од ќерката на еден од двајцата германски војници, учесници во Првата светска војна кои подготвиле албум со 400 фотографии од Македонија, а најголем дел од нив од Прилеп.
Во 90-те години една од ќерките на авторот доаѓа во Прилеп и подарува на Музејот 58 фотографии. Неколку се дел од оваа изложба, а останатите се во Завод и Музеј-Прилеп, во депото и со мотиви на обичен човек, на луѓе, на жители, претставен е човекот и неговата сиромаштија и беда во тој период.


„Во 90-те години една од ќерките на авторот доаѓа во Прилеп и подарува на Музејот 58 фотографии. Неколку се дел од оваа изложба, а останатите се во Завод и музеј-Прилеп, во депото и со мотиви на обичен човек, на луѓе, на жители, претставен е човекот и неговата сиромаштија и беда во тој период“, вели Рубин Белчески, виш кустос-историчар во прилепскиот Музеј, кој е автор на овој проект со наслов „Прилеп низ стари фотографии“.

Прилеп во минатото

Намерата на авторот, како што вели е Прилеп да го покаже и прикаже во светло од минатото, кога градот бил економски многу сиромашен, под српска и бугарска окупација, но живеел и одредени позитивни приказни кои што и денес се читаат од фотографиите.

„Со цел да доловам една вистинска слика на Прилеп во оној период кој што кажува дека сиромашно се живеело, дека градбите не се во она светло во кое што можеме да ги видиме денес, иако дел од нив не ни постојат повеќе. Застапени се обележја на Прилеп како Градскиот саат, старата прилепска
Со цел да доловам една вистинска слика на Прилеп во оној период кој што кажува дека сиромашно се живеело, дека градбите не се во она светло во кое што можеме да ги видиме денес, иако дел од нив не ни постојат
повеќе.
чаршија, голем број на улички, мостови, двете реки кои што се спојуваат, Маркови Кули, делови од градот, предели од градот“, истакнува Белчески.

Во поставката, освен подарокот од Германија, како што вели авторот, дел фотографии се од разгледници, дел од намерници или случајни минувачи кои како љубители на оваа уметност решиле да го овековечат Прилеп, можеби несвесни каков придонес ќе дадат за следните генерации.

„Во каталогот подготвен за оваа изложба, сакајќи да им дадам акцент на прилепските овековекувачи на замрзнати моменти наведов 23 прилепски фотографи, кои што твореле во Прилеп, од кои што поголем дел биле професионалци, но имало и аматери, а сепак вљубеници во фотографијата и фотоапаратот“, вели историчарот Белчески.

Дополнително ќе биде одлучено, дали оваа трајна поставка на прилепскиот музеј, ќе биде во иднина ставена во функција на развој на туризмот во градот, при промоција на градот или Општината на бројни домашни манифестации или при настап на саеми во и надвор од државата. Но, сепак и според оценките на стручњаците станува збор за исклучително културно богатство кое треба да се негува и дополнува низ годините.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG