Достапни линкови

Голема археолошка поставка во прилепскиот музеј


Системот на жртвеници, пронајден во локалитетот „Врбјанска чука“, стар околу 7.000 години.
Системот на жртвеници, пронајден во локалитетот „Врбјанска чука“, стар околу 7.000 години.

Околу 3.000 артефакти откриени во 130 локалитети во околината на Прилеп се дел од првата трајна археолошка поставка во „Завод и музеј“ Прилеп.

Прва и трајна археолошка поставка со околу 3.000 артефакти откриени во 130 локалитети во околината на Прилеп е поставена во националната установа „Завод и музеј“. Изложени се еден дел експонати, а останатите се чуваат во депоата на Музејот. Поставката е значајна не само по тоа што е прва во градот, туку е и единствена чисто археолошка изложба и во Македонија. Eкспонатите датираат од праисторијата, па се до средниот век. Најстариот и највреден експонат, ако може така да се рече, е системот на жртвеници, пронајден во локалитетот „Врбјанска чука“, во 70-тите години на минатиот век.
Системот на жртвеници, кој потекнува од 5000 години пред нашата ера, значи и овие две, вкупно 7000 години е стар. За него е многу интересно што е направен од земја и самиот потфат на вадење на тој експонат од земјата е вистински конзерваторски потфат. Земја од земја да одвоиш и да го донесеш во едно парче, не е сечен никаде.
Гордана Данилоска-Спироска, директор на прилепскиот музеј.

„Системот на жртвеници, кој потекнува од 5000 години пред нашата ера, значи и овие две, вкупно 7000 години е стар. За него е многу интересно што е направен од земја и самиот потфат на вадење на тој експонат од земјата е вистински конзерваторски потфат. Земја од земја да одвоиш и да го донесеш во едно парче, не е сечен никаде“, потенцира Гордана Данилоска-Спироска, директор на прилепскиот музеј.
Археолошка изложба во музејот во Прилеп.
Археолошка изложба во музејот во Прилеп.

Освен од праисторијата, можат да се видат и многу интересни артефакти од македонскиот период: статуи, глави, мермерни споменици пронајдени во Стибера, како и артефакти од ридот Маркови кули.

„Намерата ни е поставката да се менува постојано. Но, секоја промена бара и одредени финансиски средства, после едно 2-3 години, да се преуреди и да се донесат нови експонати. Во времето додека работи Музејот од 8.30 до 16 часот е отворена“, додава Данилоска-Спироска.
Намерата ни е поставката да се менува постојано. Но, секоја промена бара и одредени финансиски средства, после едно 2-3 години, да се преуреди и да се донесат нови експонати.
Гордана Данилоска-Спироска, директор на прилепскиот музеј.

Таа најавува дека во Музејот ќе бидат донесени и копии на штитовите откриени на локалитетот Бонче, а чии оригинали ќе бидат задржани во Скопје.

„Со оглед на тоа дека Археолошкиот музеј во Скопје, се заговара веке неколку години, се работи на тој проблем. Ние инициравме враќање на штитовите, меѓутоа уште одма дојдовме до договор дека би било упатно и убаво да стојат во Археолошкиот музеј во Скопје, а ние како музеј надлежен за тоа подрачје да добиеме копии“, најави директорката на Музејот, Данилоска-Спироска.
Штит откриен на локалитетот Бонче.
Штит откриен на локалитетот Бонче.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска смета дека не само во Прилеп, туку дека вакви поставки треба да има во секој град во државата.

„Во секој град треба да се води сметка и една зголема грижа, сето она што е вредно за самиот град во делот на културното наследство, да биде изложено и промовирано. Се со цел да се запознае и домашната и странската јавност, да дојдат стручни странски екипи, да истражуваат и да се запознаат со целокупното вредно богатство на Македонија и на нашиот регион, на сите градови“, изјави министерката Канческа-Милевска.

Таа истакнува дека Министерството за култура и натаму ќе ги поддржува истражувачките проекти за откривање на македонското културно наследство.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG