Достапни линкови

logo-print

Тероризам, од Тулуз до Кандахар


Тулуз

Тулуз

Француската полиција соопшти дека осомничениот за убиството на тројца француски војници, како и 4 лица пред еврејското училиште во Тулуз Мохамед Мерах кој над 32 часа беше под опсада на полицијата, бил мртов. На ова му претходела жестока престрелка при што имало и тројца повредени полицајци, од кој еден посериозно.

За 24-годишниот Мохамед Мерах, француски државјанин со алжирско потекло, кој изјави дека нападите ги извршил во знак на одмазда за Авганистан и за убивањето палестински деца, патот на радикализацијата одеше од Тулуз до Кандахар.
Неговата радикализација почна со приклучувањето кон салафистичката идеолошка група, а ја зацврсти со патувањата во Авганистан и Пакистан.

Тој самиот призна дека бил поврзан со Ал Каеда и оти неговите убиства биле одмазднички. Осомничениот Мерах веќе неколку години бил под присмотра на француската разузнавачка служба откако бил забележан во Авганистан.
Мохамед Мерах

Мохамед Мерах


Но, тој, според неговите соседи и пријатели, живеел нормално, играјќи фудбал, обожувајќи ги мотоциклите и излегувајќи по ноќни клубови. Некои од нив велат дека воопшто не знаеле оти тој бил во Авганистан.

Мерах имал полициско досие за неколку помали прекршоци, но, како што изјави францускиот министер за внатрешни работи Клод Гаен, немало докази дека тој планирал такви грозоморни напади.
Тој тврди дека планирал други напади и оти мислел тоа да го стори врз други војници.

„Неговата радикализација почна со приклучувањето кон салафистичката идеолошка група, а ја зацврсти со патувањата во Авганистан и Пакистан“, вели министерот Гаен.

Весникот Монд пишува дека Мерах бил трениран од талибанци во Пакистан, пред да биде испратен во југозападен Авганистан да се бори против НАТО силите. Француските војници се дел од НАТО мисијата со што се објаснува зошто тој на 11 и на 14 март уби тројца француски падобранци.

„Тој тврди дека планирал други напади и оти мислел тоа да го стори врз други војници“, изјави францускиот јавен обвинител Франсоа Молинс.

Според француските разузнавачи, околу 30 француски државјани биле тренирани од талибанците за вршење напади врз западните сили во Авганистан.

Профилот на Мерах, како што јавуваат медиумите, е типичен со стотиците други припадници од втората или третата генерација француски имигранти од Северна Африка кои биле во Авганистан и Пакистан во изминативе две децении привлечени од милитантните исламистички групи.
Францускиот министер за внатрешни работо Клод Геан

Францускиот министер за внатрешни работо Клод Геан


Повеќето се радикализирале за време на израелско палестинскиот конфликт кој поттикна бран напади врз еврејски цели во Франција во почетокот на минатата деценија.

По враќањето во Тулуз, Мерах водел обичен живот и никогаш не зборувал за религијата или пак дека некогаш бил во Авганистан, велат оние што го познавале, додавајќи дека се однесувал учтиво. Еден негов пријател за Ројтерс изјави дека Мерах дури се обидел и да се запише во француската армија, но барањето му било одбиено.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG