Достапни линкови

Загриженост од вехабистите на Балканот


Петочниот инцидент во Сараево кога 23-годишниот Мевлид Јашаревиќ со автоматско оружје пукаше во американската амбасада е последен во серијата во кои биле вклучени вехабисти, следбеници на строгиот ислам промовиран од радикалите, вклучувајќи ги талибанците и Ал Каеда борците. Нападот ја поттикна загриженоста дека регионот би можел да стане плодна почва за терористите со лесен пристап до Западна Европа и Соединетите Држави.

Властите низ Балканот велат дека не сите вехабисти се милитанти и оти не сите милитанти се вехабисти. Но, притоа се додава дека радикалното антизападно исламско учење има потенцијал за креирање терористички келии што ги поддржуваат милитантите од Саудиска Арабија, Авганистан и Пакистан. Министерот за внтарешни работи на БиХ Садик Ахметовиќ и амбасадорот на САД во Сараево Патрик Мун

Министерот за внтарешни работи на БиХ Садик Ахметовиќ и амбасадорот на САД во Сараево Патрик Мун



Многумина стравуваат дека милитанти вехабисти и други екстремисти би можело да ги прескокнат границите и да се измешаат во западните општества пред да извршат терористички напади. Такви, како што посочуваат некои новински агенции, веќе имаше, кога во март еден косовски Албанец на аеродромот во Франкфурт уби двајца Американци.
Предложивме по Бугојно низа мерки. За жал, половина од нив наидоа на пречки во Парламентот и на осуда од одделни претставници на Исламската заедница и некои невладини организации кои велат дека се борат за човекови права.

Во 2008 година тројца браќа, Албанци, со потекло од Македонија беа обвинети за подготовка на напад врз американска база во Њу Џерси. Претходно, во полициска акција во Србија кај вехабистите беа најдени големи количества оружје. Во Бугојно, пак, вехабистите лани извршја бомбашки напад врз полициска станица во која беше убиен еден полицаец.

„Предложивме по Бугојно низа мерки. За жал, половина од нив наидоа на пречки во Парламентот и на осуда од одделни претставници на Исламската заедница и некои невладини организации кои велат дека се борат за човекови права“, изјави за Радио Слободна Европа, босанскиот министер за внатрешни работи Садик Ахметовиќ.

Прашањето за влијанието на радикалните исламисти особено е изразено во Босна, земја која е поделена меѓу муслиманските Бошњаци, католичките Хрвати и православните Срби.

Според разузнавачки информации, во Босна има околу 3.000 вехабисти кои во Горња Маоча имаат своја заедница во која владеаат строги муслимански правила.

Експертот за тероризам и професор во Сараево, Владо Азиновиќ, вели дека поделената и нефункционална босанска држава нема доволно внатрешен, особено политички капацитет решително да дејствува против милитантите. Тој смета дека петочниот напад нема драстично да ја зголеми несигурноста на американските граѓани во регионот: Владо Азиновиќ

Владо Азиновиќ



„Но, сигурен сум дека ќе биде искористен за домашни политички цели, бидејќи тука одамна дејствуваат политички опции кои во ваквите случаи гледаат некакво морално оправдување за поделба на Босна со тезата дека со вакви луѓе не можат да живеат заедно.“

Професорот по политички науки во Белград, Драган Симеуновиќ, пак, смета дека во овој момент, радикалите не можат да уриваат влади или да предизвикаат војни.

„Она што можат да го прават е да изеведуваат спорадични терористички напади. Но, доколку нивниот број порасна поради финансиската поддршка од некои муслимански земји, може да се очекуваат поголеми проблеми на Балканот“, вели Симеуновиќ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG