Достапни линкови

Убиецот од Тулуз поврзан со Ал Каеда


Човекот за кој постои сомневање дека убил тројца војници, како и четири лица пред Еврејското училиште во Тулуз бил поврзан со Ал Каеда, изјави францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан кој е во Тулуз каде што полицијата го има опколено осомничениот во една куќа. Притоа дошло и до престрелка при што биле ранети двајца полицајци.

Тој изјави дека е муџахедин и оти и припаѓа на Ал Каеда, изјави францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан, пренесувајќи го она што човекот и го кажал на полицијата која го има опколено во Тулуз.
Полицијата ја опколи куќата на осомничениот.

Полицијата ја опколи куќата на осомничениот.


„Тој тврди дека е муџахедин, дека и припаѓа на Ал Каеда и оти сака одмазда за палестинските деца. Тој исто така, сака да и се одмазди на француската армија, поради нејзините интервенции во странство“, рече министерот Геан.
Тој тврди дека е муџахедин, дека и припаѓа на Ал Каеда и оти сака одмазда за палестинските деца. Тој исто така, сака да и се одмазди на француската армија, поради нејзините интервенции во странство.

Тој додава дека осомничениот, кој е француски државјанин со потекло од Северна Африка, неколку пати бил во Авганистан и во Пакистан.

Претходно, полицијата го привела и неговиот брат, поради можна поврзаност со серијата убиства што ја шокираа Франција.

Полицијата која врши истрага за последните три напади во кои вооружен човек уби тројца војници, три еврејски деца и рабин го опколила во една станбена област во Тулуз. Притоа дошло и до престрелка, при што двајца полицајци биле полесно ранети.

„Како што полицајците се обиделе да стигнат до вратата, тој почнал да стрела. Еден полицаец е ранет во коленото, но не е во опасност, а другиот полицаец се здоби со помали рани“, изјави министерот Геан.

На самото место била донесена и мајката на осомничениот од која било побарано да контактира со него, но таа го одбила тоа, велејќи дека имала многу малку влијание врз нејзиниот 24-годишен син.

Доколку се докаже дека тој е одговорен за убивањата ќе заврши една од најинтензивните потери во француската историја и ќе помогне за намалување на тензиите по нападите кои ја нарушија и кампањата за претседателските избори.

Нападите почнаа на 11 март во Тулуз кога во глава бил застрелан 30-годишен француски падобранец со арапско потекло.

Претходно, тој имал средба со човек кој се јавил на неговиот онлајн оглас за продажба на мотоцикл. Четири дена подоцна во Монтобан уште тројца војници беа цел на вооружен напад од кои двајца им подлегнаа на раните.

Арапските војници во француската армија често се цел на групите како Ал Каеда кои на муслиманите што се борат во западните војски гледаат како на предавници.

Во понеделникот, човек на мотоцикл пред Еврејското училиште во Тулуз застрела еден рабин, неговите два сина кои имаа 5 и 4 години и едно седумгодишно девојче чии тела денеска беа префрлени во Израел.

Истрагата покажала дека истиот пиштол бил употребен во сите три напади и оти тие биле на презцизно временско растојание од четири дена.

Поради трагичните настани, претседателот Никола Саркози и неговиот ривал Франсоа Холанд во понеделникот ги прекинаа нивните кампањи за претседателските избори кои треба да се одржат на 22 април.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG