Достапни линкови

Дневен печат - Меѓуетнички инциденти, скап бензин и Филе


Сите медиуми пишуваа за меѓуетничките тепачки, за поскапиот бензин, за посетата на еврокомесарот Филе на Македонија, како и за пресудата за Пајажина.

Разбирливо, сите медиуми во земјава мошне педантно ги следеа меѓуетничките тепачки по скопските автобуси и по улиците, некои од нив со нагласена подбуцнувачка тенденција, се чини, со цел релациите Македонци - Албанци уште повеќе да се вжештат.
Војната притиска, жртвите недолжни!
Фокус.

Со највпечатлив и најзастрашувачки наслов излезе дневниот Фокус: „Војната притиска, жртвите недолжни!“.
Утрински: Владата не попушти, бензинот останува скап.
Утрински: Владата не попушти, бензинот останува скап.

Потоа, сите информираа за мирните денови и ноќи во Скопје, Тетово и Гостивар - како под команда.
Државните институции најмногу се хранат од само четири фирми. Најголем носител на набавките на храна се јавува Атлантик комерц кој лани и на почетокот на годинава склучил договори за околу 400 илјади евра.
Капитал.

Сега изгледа поинтересна е забраната од страна на Утрински на колумнистот Ивор Мицковски да ја објави својата колумна, поради жестоката критика на власта, како и необјавувањето на емисијата на Васко Ефтов на Алфа ТВ за меѓуетничките инциденти: ова го наведе повторно дневниот Фокус да излезе со наслов: „Нови примери на задушување на слободата на говорот - цензурата загуби секакви граници“.

„Партиски обоиле 43. 000 скопјани“, насловува Нова Македонија информирајќи дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар оделе од куќа на куќа и ја бележеле партиската припадност на граѓаните.

„Државните институции најмногу се хранат од само четири фирми“, објавува дневниот Капитал при што како најголем носител на набавките на храна се јавува Атлантик комерц кој лани и на почетокот на годинава склучил договори за околу 400 илјади евра.

„Владата не попушти, бензинот останува скап“, насловува Утрински, а дека „Поскапувањата ја изедоа вредноста на денарот“, забележува Нова Македонија. Исто така Утрински прашува колкава инфлација можат да поднесат Македонците, информирајќи дека СДСМ во пакет-мерките во Законот за Народна банка бара да се внесе бројка за тоа кое ниво на инфлација се смета за прифатливо.

Вечер и Дневник континуирано во неколку броеви подгреваат оптимистичко расположение во врска со престојот на еврокомесарот Филе во Скопје и почетокот на консултациите околу жешките теми во Македонија.

Инаку, Вечер, односно неговиот главен уредник Латас, ја пренесува на страниците на весникот приватната војна со професор Најчевска, која го тужела за навреда и клевета, па читателите се забавуваат со недоличниот речник и на двајцата, на новинарот во Вечер, на професорката на Фејсбук.

И разбирливо, сите медиуми објавија дека Велија Рамковски добил 13 години затвор.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG