Достапни линкови

Филе - Решение за името ќе ги помогне евроинтеграциите


Средба на вицепремиерката Теута Арифи со комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе на 6 март 2012.

Средба на вицепремиерката Теута Арифи со комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе на 6 март 2012.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе е во Скопје на почетокот на дијалогот на високо ниво ЕУ-Македонија, кој, како што вели, не е замена за преговорите.

Штефан Филе во своето обраќање пред Европскиот парламент посочи дека има консензус за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската унија, додавајќи дека Советот не постапил согласно препораката и дека тоа прашање ќе се разгледува за време на данското претседателство.

Во врска со дијалогот на високо ниво Филе вели дека целта е доближување на земјата кон Европската унија и задржување на европската агенда како водечка сила на трансформацијата во земјава.
Побарано е од Европската унија да асистира во разрешувањето на спорот со името. Обединетите нации имаат јасен мандат да посредуваат во спорот за името меѓу земјата и Грција. Помагаме во создавањето на клима соодветна за компромис и ги охрабруваме земјите тоа да го постигнат. За посуштинско ангажирање на Европската унија потребни се јасни барања од двете страни. Како што во повеќе наврати имам посочено, тоа е политичката реалност – решение на спорот за името во голема мера ќе го помогне понатамошниот напредок во евроинтеграциите.

„Во ниту еден случај не станува збор за замена на вистинските преговори. Дијалогот ќе ја охрабри агендата за реформи во земјата со постигнување на јасен договор за реформите кои ќе се преземат во 5 клучни области.“

Владеење на правото, слободата на говорот, реформата на јавната администрација и функционалната пазарна економија се дел од областите кои ги издвои Филе пред Европскиот парламент, посочувајќи ја и важноста на добрососедските односи:
Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје.

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје.


„Одблизу ги следиме случувањата на тоа поле и повторно ќе ги процениме во извештајот за напредокот во 2012 година. Побарано е од Европската унија да асистира во разрешувањето на спорот со името. Обединетите нации имаат јасен мандат да посредуваат во спорот за името меѓу земјата и Грција. Помагаме во создавањето на клима соодветна за компромис и ги охрабруваме земјите тоа да го постигнат. За посуштинско ангажирање на Европската унија потребни се јасни барања од двете страни. Како што во повеќе наврати имам посочено, тоа е политичката реалност – решение на спорот за името во голема мера ќе го помогне понатамошниот напредок во евроинтеграциите“, рече Филе.

Дијалогот на високо ниво подразбира отворање нова страница на односите меѓу Македонија и Европската унија, вели вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.
Сметам дека ова е уникатен настан, бидејќи ваков вид на дијалог досега не се одржувал со која било земја-кандидат. Се надевам дека двете страни максимално ќе ги искористат можностите кои ги нуди ваквиот дијалог на високо ниво.

„Треба да го имаме предвид фактот дека дијалогот на високо ниво дава особена можност за унапредување на процесите со Европската унија и исто така да дадеме еден нов поттик на реформите во сферите кои се предвидени да се разговараат во дијалогот.“

Европската перспектива е важна, како за земјава, така и за Европската унија, вели новиот евроамбасадор во Македонија Аиво Орав.

„Сметам дека ова е уникатен настан, бидејќи ваков вид на дијалог досега не се одржувал со која било земја-кандидат. Се надевам дека двете страни максимално ќе ги искористат можностите кои ги нуди ваквиот дијалог на високо ниво.“

Специјалниот известувач за Македонија Ричард Ховит исто така посочува дека дијалогот не е замена за преговорите:

„Затоа го поддржувам повикот за почеток на европските пристапни преговори без одложување како што е одредено во параграф еден пасос еден во резолуцијата. Затоа предлагам амандман со кој се поддржува пристапниот дијалог на високо ниво кој треба да почне утре, што не претставува алтернатива за разговорите туку како можност која не смее да биде пропуштена.“
XS
SM
MD
LG