Достапни линкови

Пристапниот дијалог ќе го забрза македонскиот пат кон ЕУ


Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе и Премиерот Никола Груевски

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе и Премиерот Никола Груевски

Македонија го започна пристапниот дијалог на високо ниво со Европската Унија. Еврокомесарот за проширување Филе на дијалогот гледа како на алатка за унапредување на реформскиот процес во земјава, а премиерот Груевски како на мост за преговорите со ЕУ.

Она што го започнуваме денеска е сеопфатен процес, активна политика помеѓу нас и е инклузивна рамка за реформите кои ќе бидат корисни за сите граѓани. Вака еврокомесарот за проширување Штефан Филе го отвори пристапниот дијалог на високо ниво во Скопје, со кој копреседава и премиерот Никола Груевски.
Сакаме да работиме заедно со вас за вашето членство да стане реалност. Ве уверувам дека сум посветен на подршка на вашиот реформски процес и ве уверувам дека заедно можеме да оствариме напредок во реформите.

„Сакаме да работиме заедно со вас за вашето членство да стане реалност. Ве уверувам дека сум посветен на подршка на вашиот реформски процес и ве уверувам дека заедно можеме да оствариме напредок во реформите“, додаде Филе.

Убеден сум дека пристапниот дијалог ќе биде корисна алатка за динаминизирање на македонскиот пат кон ЕУ“, истакна во своето обраќање премиерот Никола Груевски.
Воведни обраќања на Филе и на Груевски.

Воведни обраќања на Филе и на Груевски.


Нашата цел останува да ги почнеме преговорите што е можено поскоро годинава, свесни сме дека тоа нема да се случи преку ноќ и не чека огромна работа, затоа со овој дијалог на високо ниво ќе дадеме нов поттик на евронтеграциите, не со цел да ги супституираме преговорите, туку да ги искористиме како мост до преговорите кои неизбежно ќе дојда.
„Нашата цел останува да ги почнеме преговорите што е можено поскоро годинава, свесни сме дека тоа нема да се случи преку ноќ и не чека огромна работа, затоа со овој дијалог на високо ниво ќе дадеме нов поттик на евронтеграциите, не со цел да ги супституираме преговорите, туку да ги искористиме како мост до преговорите кои неизбежно ќе дојдат“, рече Груевски.

И претходно беше појаснето дека овој дијалог ќе се фокусира на 5 клучни области.

Прво, владеење на правото, со идеја да се примени новиот пристап кој моментно се применува во Црна Гора, второ, слободата на говорот, трето, реформата на јавната администрација со цел да се спроведе реформската стратегија од 2011 година, четврто, да се завршат изборните реформи и петто, развој на функционална пазрната економија.

Комисијата ќе продолжи да ја поддржува земјата во спроведувањето на сите овие области преку наменска финансиска соработка, рече Филе пред доаѓањето во Скопје.

Во своето вчерашно обраќање пред европарламентарците, тој не го заборави и спорот за името.

„Мислам дека е значајно да биде решен проблемот со името за добрососедските односи и да се создаде моментум што ќе му дозволи на Советот да постигне консензус и да донесе одлука за почеток на преговорите“, рече Филе.

Утринава Филе имаше билатерални средби со вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и со премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG