Достапни линкови

Мјузик прогресив квартет ќе свират во САД


Мјузик прогресив квартет.
Мјузик прогресив квартет.

По минатогодишниот одличен настап на фестивалот „Балкански музички вечери“, македонскиот состав Мјузик прогресив квартет, деновиве повторно заминува во САД каде ќе одржи четири самостојни концерти, ќе одржи мастерклас на академијата „Лонџи скул оф мјузик“ во Бостон и ќе биде специјален гостин на на перформансот на Дуке Бојаџиев во Њујорк.

Владимир Крстев – виолина, Паскал Краповски – виолончело, Марко Виденовиќ – виола и Владимир Лазаревски – обоа, или заедно Мјузик прогресив квартет, по третпат ќе музицираат од онаа страна на Атлантикот. Македонскиот состав на ова свое ново претставување во САД овојпат оди на покана на организаторите на фестивалот „Балкански музички вечери“ и предвидено е да одржи четири самостојни концертни настапи, мастерклас и перформанс на престижната академија „Лонџи скул оф мјузик“ и да биде специјален гостин на промоцијата на новиот албум на композиторот Дуке Бојаџиев - „Сон, верба, љубов“.
Затоа што фестивалот се одржува само една вечер, има повеќе учесници, ние ќе настапиме двапати во иста вечер. Следниот ден имаме настап во познатиот џез клуб Лилипад во Бостон, на 19 ќе одржиме концерт и мастерклас на „Лонџи скул оф мјузик“ и после тоа патуваме за Њујорк каде на 23 ќе имаме концерт со нашиот познат Дуке Бојаџиев и на 26 настапуваме со Милица Параносиќ, натурализирана Србинка која живее во Америка долги години, се занимава со разни перформанси, прави своја музика.
Марко Виденовиќ, виола.

„Затоа што фестивалот се одржува само една вечер, има повеќе учесници, ние ќе настапиме двапати во иста вечер. Следниот ден имаме настап во познатиот џез клуб Лилипад во Бостон, на 19 ќе одржиме концерт и мастерклас на „Лонџи скул оф мјузик“ и после тоа патуваме за Њујорк каде на 23 ќе имаме концерт со нашиот познат Дуке Бојаџиев и на 26 настапуваме со Милица Параносиќ, натурализирана Србинка која живее во Америка долги години, се занимава со разни перформанси, прави своја музика“, вели виолистот Виденовиќ.

Тој дополнува дека на овие концертни настапи ќе се најдат композициите од нивниот деби албум „Стрим“, но и теми од неговиот следбеник со кои и досега со успех настапуваа во соседна Србија, Австрија и во Русија. Во нив се следи зачнатата идеја на самосвоен и оригинален начин да се комбинираат македонскиот фолклор со примеси на класиката и на џезот.

Ваквата заложба е во согласност со потребата на МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ полека, но сигурно да си ја отвораат вратата на актуелната сцена во која нема место за случајните и неталентираните, особено ако притоа доаѓаат од средина како Македонија во која никогаш не биле зачнати закономерностите на дискографскиот бизнис онаков каков што го познава и практикува светот.

По оваа серија на перформанси МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ како инструменталисти кои професионално се врзани со Македонската филхармонија, оркестарот на МОБ и повеќе други постави, цврсто се решени конечно да го завршат снимањето на композициите кои е планирано да се најдат на новиот носач на звук.

„Се што ќе видиме дека е интересно и како такво можеме да дадеме наш допринос кон таа нова изведба, кон тоа ново гледиште на тој фолклор, мислам дека ќе се искористи. Нормално сепак главниот акцент останува на македонската музика“, појаснува челистот Краповски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG