Достапни линкови

В среда рецитал на Паскал Краповски


В среда рецитал во 19,19

В среда рецитал во 19,19

Со одбрани дела од Гранадос, Форе, Прокофјев и други композитори, во среда во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје, рецитал ќе одржи виолончелистот Паскал Краповски, повеќекратен победник на државните натпревари и член на неколку состави на современа музика. Него на пијано ќе го придружува Милица Шкариќ.

Во салон 19.19 на Културно-информативниот центар во Скопје, по одличниот настап на дуо Скупи во минатата недела, продолжува претставувањето на младите македонски музички уметници кои не само што полека но сигурно си го завземаат местото на домашната сцена туку и се наметнуваат како изведувачи пред кои претстои убава интернационална кариера. Овојпат рецитал ќе одржи
Од овие дела и Абасов и Прокофјев, па и Коци во Македонија се премиерни и не се свирени до сега. Акцентот е ставен на тоа да се направи и да се донесе нешто ново, што не е свирено, а во исто време, зашто многу ја сакам руската музика, главниот акцент ми е на руската музика, Абасов и Прокофјев, но секако и другите композиции се работи коишто треба да бидат чуени и го заслужуваат своето внимание.
виолончелистот Паскал Краповски, со пијано придружба на Милица Шкариќ. На програмата ќе бидат дела од Гранадос, Форе, Коци, Абасов, Петрович и Прокофјев.

„Од овие дела и Абасов и Прокофјев, па и Коци во Македонија се премиерни и не се свирени до сега. Акцентот е ставен на тоа да се направи и да се донесе нешто ново, што не е свирено, а во исто време, зашто многу ја сакам руската музика, главниот акцент ми е на руската музика, Абасов и Прокофјев, но секако и другите композиции се работи коишто треба да бидат чуени и го заслужуваат своето внимание“, вели уметникот.

Паскал Краповски, роден 1979 година во Скопје, потекнува од семејство со долгогодишна музичка традиција. Основното и средното музичко образование ги завршува во Државниот музичко училишен балетски центар Илија Николовски Луј во класата на професор Диме Стојанов, а дипломирал и магистрирал на Академијата Панчо Владигеров во Софија, соседна Бугарија, во класите на професор Анатоли Крстев – соло виолончело и професорите Васил Казанџиев и Венцеслав Николов – камерна музика. Учесник е на мајсторски курсеви раководени од видни солисти и истакнати педагози како Минео Хајаши, Милош Млејник, Алабан Грхард и други.

Краповски е повечекратен лауреат на државните натпревари во категориите соло-виолончело и камерна музика, настапувал на фестивалите и културните манифестации во Македонија и во Европа, а како солист музицирал со Македонската филхармонија и со Камерниот оркестар. Тој е водач на челистите на оваа наша национална институција, а особено бележито е неговото учество во делувањето на МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ, ансамблот за современа музика АЛЕА, квартет БРЕВИС и групата СТРИНГ ФОРСИС.

„Мјузик Прогресив имаше свој коцерт и во Скопје, нареден настап ни е во Италија, во Рим. А, за понатаму ќе видиме.“

Кон ова само уште информацијата дека Краповски е професор по виолончело во Државно музичкиот училишен и балетски центар Илија Николовски Луј и на Факултетот за музичка уметност при Државниот универзитет Гоце Делчев во Штип.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG