Достапни линкови

logo-print

Славенички концерт на Бернајс пропаганда


Бернајс пропаганда.

Бернајс пропаганда.

БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, еден од најквалитетните бендови, не само на македонската рок сцена, туку и во регионов, утревечер со концерт во реновираната „Дансинг сала“ на Младинскиот културен центар во Скопје, ќе ја одбележи петгодишнината од својот прв јавен настап.

Со два зрели албума зад себе - „Happiness machines“ од 2009 и “My Personal Holiday” една година подоцна и едно и-пи издание - „Играј слободно!“, БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА е единствениот македонски рок состав чија искрена бунтовност и анархо-левичарските ставови се издигаат над жабокречината на средината во која поникнале.
Имаме доста нови песни кои сакаме да видиме како функционираат пред луѓето, и тоа е тоа, концертот исто така се погоди со петгодишнината од нашиот прв концерт, тогаш бевме предгрупа на Girls against boys од Њујорк, така да концертот едноставно е само заокружување на петгодишниот период на бендот.


Едноставно, Васко Атанасовски - гитара, Кристина Горовска -вокал, Џано Куч - тапани и Ненад Трифуновски – бас, со над 300-те отсвирени концерти во 29 земји од Европа и настапи на фестивали од рангот на еден „Егзит“, „Теранео“ и други, во изминативе пет години, со само ним својствена енергија и упорност, создадоа солидна база на фанови која со големо внимание го следи секој нивни нов исчекор. Од таму, сосема разбирливо е што со нагласена љубопитност се очекува и нивниот славенички концерт во МКЦ особено ако се знае дека во пресрет на неговото одржување БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА со успех музицираа во Ниш, Белград, Загреб и Љубљана. За оваа прилика, пак, бендот подготви сет постер

постер

составен од песни од двата албума, но и шест сосема нови кои е планирано да се најдат на следната објава.

„Имаме доста нови песни кои сакаме да видиме како функционираат пред луѓето, и тоа е тоа, концертот исто така се погоди со петгодишнината од нашиот прв концерт, тогаш бевме предгрупа на Girls against boys од Њујорк, така да концертот едноставно е само заокружување на петгодишниот период на бендот.“

Васко Атанасовски, за насловот на актуелната колекција ремикси „Играј слободно!“ која во текот на јануари беше понудена за слободно симнување од нивната интернет страница и на која се преработките на песни од бендот направени од Марк Хини од ГЕНГ ОД ФОР, Зеа од ЕКС, БЕИ Д ФИШ со Ида Престер од ЛОЛОБРИЏИДА, СЕТСТАТ, АНОМАЛИЈА НАТИВА, Фреш, Дуке Бојаџиев и МАЈНДЛЕС ВАЈОЛЕНС, забележува дека го нуди и одговорот на нивното натамошно делување.

„Спирутуално ќе оди само кон продлабочување на тие теми што ние ги обработуваме, а тоа е положбата на човекот, во ова што ние го имаме создадено како цивилизација, со сите карактеристики на цивилизацијата и нашата положба на планетата Земја, а музички, самиот настан е значи играј слободно и нашата идеја е да се рашириме секаде каде нашите музички афинитети стигнале.“

Веќе е извесно дека БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА во престојниот период главно ќе се фокусираат на снимањето на новиот трет по ред албум кој доаѓа по 40.000 извозени километри по европските држави само во минатата година и печење на новите песни пред разнолика публика. За изданието авторот и гитарист вели дека го спремаат по принципот на ширење на работата и дека веќе го фиксирале датумот за неговото обнародување – 8 септември.

„Сигурно на 8 септември ќе излезат сите оние душегрижници кои тврдат дека Македонија не може без нив со свој стејтмент, а ние ќе излеземе со наш стејтмент.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG