Достапни линкови

Мјузик прогресив квартет во Луксембург


Мјузик прогресив квартет
Мјузик прогресив квартет

По настапот на БИТФЕСТ, македонскиот состав МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ патува за Луксембург каде ќе настапи на тамошниот фестивал Блуз-џез-рели.

Владимир Лазаревски – обоа, Владимир Крстев – виолина, Паскал Краповски – виолончело и Марко Виденовиќ на виола, по четири години, повторно се враќаат на сцената каде што го одржаа својот прв концерт како
Таму каде што сме почнале многу ни е важно да се претставиме во едно убаво светло. Тогаш бевме со електрични инструменти и малку поинаков звук, а вечерва се претставуваме со она што во моментот го работиме, значи со повеќе етно елементи во нашата музика.
МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ – во Магазата, во Битола. Тие и овојпат се дел од програмата на летната манифестација БИТФЕСТ и затоа овој перформанс за нив како уметници има особено значење.

„Таму каде што сме почнале многу ни е важно да се претставиме во едно убаво светло. Тогаш бевме со електрични инструменти и малку поинаков звук, а вечерва се претставуваме со она што во моментот го работиме, значи со повеќе етно елементи во нашата музика“, вели Марко Виденовиќ, автор, аранжер и гласноговорник на поставата.

По овој концерт македонските музичари патуваат во Луксембург каде ќе настапат на една од отворените сцени на тамошниот еднодневен фестивал Блуз-џез рели на кој, меѓу другите, ќе свират и џез гитаристката Сузан Веинерт и нејзиниот бенд, Ирина Карамарковиќ со својот состав и ДАИНИНС ПУЛАНСКАС ГРУП.

Мјузик прогресив квартет.

„Голема чест беше тоа што и ние бевме избрани да учествуваме на тој фестивал со повеќе еминентни имиња, така што се надевам дека и таму ќе имаме едно добро претставување“, вели Виденовиќ.

По настапот на оваа манифестација МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ конечно влегуваат во студио за да ги снимат композициите за својата нова студиска објава,чие излегување е најавено за престојната есен, по што составот ќе започне да се подготвува и за концертот со кој ќе биде одбележана петгодишнината од нивното постоење.
Голема чест беше тоа што и ние бевме избрани да учествуваме на тој фестивал со повеќе еминентни имиња.

Инаку, МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ, во изминатиов период по обелоденувањето на нивното првенче, за чија музика со многу пофални зборови пишуваа рецензентите во регионов, со успех настапуваше на сцените во САД, Русија, Австрија, Србија, Бугарија и во повеќе градови во нашава земја.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG