Достапни линкови

Македонија - Земја на потекло на трговија со луѓе


Македонија претставува земја на потекло и земја на дестинација на жртви на трговија со луѓе, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Годишниот извештај на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција покажува дека Македонија се повеќе станува станува земја на потекло, но во извесен степен и земја на транзит и дестинација, што се должи на фактот дека преку неа полесно се доаѓа до побогатите европски земји. Во извештајниот период, идентификувани се 11 жртви на трговија со луѓе од кои 6 малолетни и 5 полнолетни. Од нив, две се странски државјани од Бугарија и Албанија. Според податоците на МВР, бројот на кривично пријавени лица за трговија со луѓе во 2011-та година 35 и е зголемен во однос на бројот на пријавените во 2010, кога изнесувал 25.
Македонија и оваа година ќе ги смета за приоритетни проектите за заштита од трговија со луѓе, со оглед на фактот дека Македонија претставува земја на потекло и земја на дестинација на жртви на трговија со луѓе, кои изминативе 6 години се доминантно домашни и малолетни државјани.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

„Македонија и оваа година ќе ги смета за приоритетни проектите за заштита од трговија со луѓе, со оглед на фактот дека Македонија претставува земја на потекло и земја на дестинација на жртви на трговија со луѓе, кои изминативе 6 години се доминантно домашни и малолетни државјани“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според извори од МВР, идентификуваните малолетни лица потекнуваат од рурални средини од околината на Скопје, Гостивар, Куманово, Кичево, Битола и Крива Паланка. Најголем дел од жртвите потекнуваат од дисфукционални семејства. Податоците на здруженијата кои повеќе години работат на проблемот на трговија со луѓе, односно негово спречување, исто така зборуваат дека како и минатата година, најзастепена е внатрешната трговија, каде станува збор за малолетни лица кои се тргувани во земјава со цел трудова и сексуална експлоатација. Рутата на движење е источниот и централниот дел на земјава кон западниот дел на Македонија.

„Се работи најмногу за малолетни лица кои биле регрутирани првенствено преку лажни ветувања за добро платена работа во земјата или, пак, биле трговувани со ветувања за лажни бракови. тоа се најкарактеристичните случаи и секако се работи за лица кои биле сексуално и трудово искористувани низ републиката“, наведува Марија Тодоровска од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Порта, кое 11 години работи преку развивање на програми и прифатилиште за жртвите на трговија со луѓе.

Невладините организации на овој проблем работат преку развивање на програма и прифатилишта каде на лицата, освен сугурно сместување, им се нуди и медицнска и псиохолошка помош.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG