Достапни линкови

Жените најчести жртви на трговијата со луѓе


Во Македонија најзастапена е внатрешната трговија со луѓе. Од здруженијата кои се занимаваат со таа проблематика велат дека станува збор пред се за жени на возраст од 14 до 17 години. Тие се тргувани во земјава за трудова и сексуална експлоатација.

Македонија се уште претставува транзит и дестинација земја за жртвите на трговија со луѓе но истовремено и земја на потекло. Најчести жртви на овој вид трговија се жените, но не е мал процентот каде што се засегнати и мажи и деца.
Се работи најмногу за малолетни лица кои биле регрутирани првенствено преку лажни ветувања за доброплатена работа во земјата или пак биле трговувани со ветувања за лажни бракови, тоа се најкарактеристичните случаи и секако се работи за лица кои биле сексуално и трудово искористувани низ републиката.
Марија Тодоровска, здружение Порта.

Податоците на здруженијата кои повеќе години работат на проблемот на трговија со луѓе, односно негово спречување, зборуваат дека како и минатата година најзастепена е внатрешната трговија каде станува збор за малолетни лица кои се тргувани во рамки на државата. Се работи за малолетни лица од 14 до 17 години од сите националности кои се тргувани во земјава со цел трудова и сексуална експлоатација. Рутата на движење е источниот и централниот дел на земјава кон западниот дел на Македонија.

„Се работи најмногу за малолетни лица кои биле регрутирани првенствено преку лажни
ветувања за добро платена работа во земјата или, пак, биле трговувани со ветувања за лажни бракови. тоа се најкарактеристичните случаи и секако се работи за лица кои биле сексуално и трудово искористувани низ републиката“, наведува Марија Тодоровска од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Порта.

Здружението 11 години работи преку развивање на програми и прифатилиште за жртвите на трговија со луѓе. Практично податоците од асистираните лица на Порта зборуваат дека минатата година биле прифатени 11 лица. Бројката е слична на претходната година.Трендот е ист но она што загрижува е дека оваа бројка не ја покажува вистинската слика.

„Сметаме дека поактивно треба да се работи на идентификација на лицата коишто се жртви, а коишто се плашат да го пријават случајот или, пак, немаат доволно доверба во институцијата за да го пријават случајот. “

Инаку оваа година имало само еден случај на лице од Македонија вратено од друга земја но трендот на надворешна трговија во принцип е помал од внатрешната трговија со луѓе. Невладините организации на овој проблем работат преку развивање на програма и прифатилишта каде на лицата освен сугурно сместување им се нуди и медицинска и психолошка помош.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG