Достапни линкови

Зголемена внатрешна трговија со луѓе


На Балканот има се поголема внатрешна трговија со луѓе, кои се принудуваат на ропство и сексуална злоупотреба, вели Фабрис Де Керкоф од Фондацијата Крал Бодуен.

Главната тема на овој форум е регионалната сорабока во борбата против трговијата со луѓе. Каква е реално регионалната соработка на Балканот по ова прашање?

За да бидам попрецизен на самиот почеток, јас би сакал да кажам дека станува збор за социјална димензија на трговијата со луѓе, што значи дека ќе се зборува за се што е поврзано со рутата на трговијата, со сиромаштијата, недостатокот на образование и начинот на кој ние ќе можем да ги вратиме жртвите во општетсвото, да излезат од магичниот круг на трговијата со луѓе преку успешно интегрирање во општеството. Ова е индивидуален процес и секој случај е различен и ние би сакале да развиме едно заедничко разбирање на регионално ниво за потребата да се обезбеди социјален одговор на феноменот како што е трговијата со луѓе. Мислам дека има регионална соработка што се однесувана на истрагата и гонењето на „трговците “ односно во законската димензина но не е доволна во аспект на социјалната димензија.

Каква е состојбата на Балканот по ова прашање?

Па трговијата со луѓе е феномен кој постојано се менува. Порано балканските земји беа извор, дестинација или транзитни земји на жртви кои доаѓаа од друго место и тразитираа низ Балканот до најчесто западноевропските земји. Сега она што го гледаме е зголемување на домашната трговија со луѓе, внатрешно тргување со луѓе што значи ропство, сексуална злоупотреба, експлоатација на труд како вид кој зема се повеќе замав како и трговија со деца. Просечната возраст на деца со кои се тргува се намалува и тоа е извор за загриженост, затоа што станува збор за деца на кои им се одзема детството и се присилуваат на работа или се сексулано злоупотребени.

Велите дека дека ова е феномен кој постојано се менува и дека трговијата со луѓе станува повеќе домашен проблем отколку транизитен. Која земја од Балканот е најзагрозена од ова? Дали Македонија е некаде на списокот?

Многу е тешко да се каже затоа што за жал ние не можеме да се потпреме на конкретна статистика затоа што еден од главните проблеми на кој треба да се работи во иднина е идентификација на жртвите. Станува се потешко да се идентификуваат жртвите особено доколку станува збор за „домашни“ лица (кои се од таa земја) затоа што се разбира дека е многу лесно да детектирате жртва на трговија со луѓе доколку видите странец во мала заедница. Но доколку е некој кој што доаѓа од заедницата станува многу потешко да се идентификува. Мислам дека е потребно да се вложи повеќе напор во идентификацијата на жртвите, затоа што понекогаш ни самите жртви не се свесни дека се жртви на трговија со луѓе, треба да бидат посвесни за тоа што е навистина проблемот и да побараат заштита. Тоа е еден од приоритет што треба да биде во годините кои доаѓаат како и поголема вклученост на владите во социјална заштита на ранливите групи кои се потенцијални жртви и поголеми инвестиции на владите во социјалната инклузија на жртвите од трговија со луѓе со што се овозможува и своевидна превенција повторно враќање на истите жртви во магиочниот круг на трговија.
Мислам дека овој форум цели кон изградба на заедничко разбирање на сите предизвици кои се поврзани со социјалната димензија на овој проблем.

Велите дека статитиката не секогаш е точна, дали тоа значи дека на пример македонската влада тврди дека во изминативе години бројот на жртви од трговија со луѓе се намалува, може да се каже дека тоа не е точно затоа што не можат да ги идентификуваат жртвите?

Не би се осмелил да кажам дека македонската влада не се справува добро со трговијата со луѓе, но мислам дека треба да бидете многу внимателни со статистиката затоа што мислам дека има многу жртви кои не се идентификувани и не треба да се потрпете само на статистиката за да заклучите дека состојбата се подобрува затоа што ние знаме дека повеќето од жртвите не се идентификувани. Па ако велат дека годинава се регистрирани 25 а лани беа 40 на пример и можат да кажат дека направиле прогрес, но јас би рекол дека можеби напорите да идентификувате жртви е намален и ќе треба да вложите дополнителен напор затоа што ние знаме дека има многу повеќе жртви од 25 или 45. Затоа треба да бидеме внимателени со статистиката.

Каков механизам е потребен за подобрување на соработката по ова прашање на Балканот?

Има различни начини на соработка, нашата фоднација работи примарно со невладини организации, ние организираме еднаш годишно средба на која се разговара за подобрување на програмата. Она што мислам дека треба да се направи сега на национално и на регионално ниво е да се подобри соработката меѓу владата и невладините организации. Невладините организации обезбедуваат услуги за владата но нивната улога не секогаш е препознаена и има недостатокот на поддршка особено во случаи кога владата и невладини организации менаџираат засолниште за жртви или обебедуваат други услуги. Има недостаток на долгорочна и одржлива поддршка и мислам дека одговорноста е на владата да обезбеди одржливост на програмите за помош наменети за превенција или реинтеграција.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG