Достапни линкови

Регионално против илегалците во Македонија


Стотици мигранти од Авганистан, Пакистан, Африка, на пат за Европа престојуваат во Македонија. Сериозен проблем и скапо не чинат, велат од МВР.

Илегалните мигранти се сериозен проблем за земјата. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пред неколку денови констатираше дека состојбата тешко се решава и дека е потребна регионална соработка. Друг проблем е и тоа што мигрантите ја чинат државата многу пари, велат од МВР.
Водењето на цела една процедура од згрижувањето, до депортирањето на лице кое што се наоѓа во транзитниот центар Министерството за внатрешни работи го чини околу десетина илјади евра за едно лице.

„Водењето на цела една процедура од згрижувањето, до депортирањето на лице кое што се наоѓа во транзитниот центар Министерството за внатрешни работи го чини околу десетина илјади евра за едно лице“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Темата со илегалните емиграни повторно е актуелна деновиве, откако медиумите објавија дека во кумановското село Лојане, веќе подолго време престојуваат неколку стотици Авганистанци, Пакистанци, луѓе од северна Африка.

Професор Душко Стојановски вели дека Македонија не е нивна конечна дестинација, дека нив повеќе ги интересира Западна Европа, каде ќе Според информациите стотици илегалци престојуваат во македонските села на пат за Европа

Според информациите стотици илегалци престојуваат во македонските села на пат за Европа

можат да најдат работа и егзистенција. Но, тие што ќе се задржат тука, се сериозен проблем за државата, вели Стојановски.

„Сериозен проблем е од аспект што нашите граници претежно се планински, тешко се контролираат, уште ако се додаде и фактот дека може да се појави некој коруптивен елемент од власта, значи тогаш би било уште поефикасно и не треба да се исклучи од предвид дека приходот за ваква работа е енормно голем и затоа мотивацијата кај сторителите на вакви дела, на овој тип криминал е многу висока бидејќи со помал ризик се заработува многу повеќе пари.“
Сериозен проблем е од аспект што нашите граници претежно се планински, тешко се контролираат.

Директорот на МАРРИ, регионалниот центар за миграција и трговија со луѓе, вели дека за справување со илегалната миграција потребна е постојана обука на полицијата, но и координирани акции со земјите од целиот Балкан.

„Пред се на регионална и меѓународна основа доверба помеѓу државите бидејќи знаете гледаме што се случува денеска особено на рутата од Авганистан и од Ирак кон Западна Европа којашто е дестинацијата и во таа смисла државите некогаш неоправдано сакајќи некогаш да го исчистат сопствениот двор ги потиснуваат овие прашања коишто се за сметка и на човековите права“, вели деректорот на центарот, Трпе Стојановски.

И професор Душко Стојановски се согласува дека регионалната соработка е од најголемо значење во борбата со мигрантите. Тој додава дека најголем ефект во борбата со нив ќе даде оперативната работа, односно да се разбијат групите кои се организатори на илегална трговија со луѓе.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG