Достапни линкови

„Љубовта неразбирлива, секој проклет миг“ - изложба на Игор Тошевски


Знамето - централен мотив во инсталациите на Игор Тошевски.

Знамето - централен мотив во инсталациите на Игор Тошевски.

„Љубовта неразбирлива, секој проклет миг“ е насловена изложбата на Игор Тошевски во Националната установа Музеј на современа уметност во Скопје. На оваа постановка, авторот го фокусира своето внимание врз глобалните социјални (де)формации и нивното влијание врз интегритетот на личноста.

Игор Тошевски уште од почетокот на своето творештво е окупиран со тековите на социјалните промени. Тој преку своите дела ја документира радикалната трансформација на општествените врски и трансформации кај нас и го одвојува својот глас во одбрана на индивидуалното и поинаквото.
Се работи за една инсталација којашто е правена специфично за конкретниот простор во Музејот на Современа уметност, која подразбира неколку елементи, тоа се модули, постои еден дел кадешто има интерактивност со публиката, внесувам звук и други елементи. Ова е нешто што не сум го правел уште од времето на „Досие 96“ и за мене е исто така возбудливо и се надевам дека и за публиката ќе биде.

Ова меѓу другото ќе го забележи кураторката Мира Гаќина во пресрет на изложбата „Љубовта неразбирлива, секој проклет миг“ на уметникот Игор Тошевски што во текот на март ќе се одвива во Музеј на современа уметност. Станува збор за инсталација која вклучува форма на интерактивност водејќи го гледачот низ внимателно контролирана композиција и за постановка која што го следи неговиот интерес за териториите и нивните граници бележит и за проектите „Досие 96“ и „Слободни територии“.

„Се работи за една инсталација којашто е правена специфично за конкретниот простор во Музејот на Современа уметност, која подразбира неколку елементи, тоа се модули, постои еден дел каде што има интерактивност со публиката, внесувам звук и други елементи. Ова е нешто што не сум го правел уште од времето на „Досие 96“ и за мене е исто така Уметничка инсталација на уметникот Игор Тошевски

Уметничка инсталација на уметникот Игор Тошевски

возбудливо и се надевам дека и за публиката ќе биде.“

Тошевски дополнува дека живееме во специфично време и простор и дека не сме отпорни на тие влијанија, та затоа тој забележува дека нив сака да ги филтрира преку себе и дека прашањата што го засегаат во моментов се оние врзани за идентитетот на глобално ниво и повторно за територијалното.
Овие прашања ги поставувам на неколку нивоа, преку текстурата на предметот и преку симболичките обележја на знамето, кое ми е како централен мотив и исто преку звукот и други сензации.

„Овие прашања ги поставувам на неколку нивоа, преку текстурата на предметот и преку симболичките обележја на знамето, кое ми е како централен мотив и исто преку звукот и други сензации. “

Роден 1963 година во Скопје, Игор Тошевски дипломирал графика и графички техники на Ликовната академија во Хелсинки, Финска. Бил член на повеќе ликовни групи во 1980-тите, како Туш Лабораторија, У.С.Т.А и колективот ЗЕРО. Од преку 50-тина самостојни и групни изложби на кои што учествувал се одвојуваат „Досие“, „Совршена рамнотежа“, „Процес“ и „Териториии“, а во последниве две децении во неговата уметност преовладува конкретен ангажиран пристап кон општествено-политички и глобални теми. Тој, како што самиот забележува, би сакал неговото дело „Љубовта неразбирлива, секој проклет миг“ да прокомуницира на пошироко ниво.

„Целото дело е во некој си транзит како што ќе види публиката, менливо е и дозволува адаптации, дозволува алтерации, впрочем такво е и времето во кое живееме, мобилно и преполно со модифицирања константни, така што е некоја рефлексија на денешното време па и место.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG