Достапни линкови

Во рамките на Битолското културно лето БИТФЕСТ, започнува фестивалот на современи уметности АКТО. Учество ќе земат 30-тина уметници од земјата и од странство.

РАБОТИ (НИКОГАШ!), графитот на францускиот философ Ги Дебор, испишан пред 58 години на еден од ѕидовите на улица покрај Сена во Париз, е искористен како мото за овогодинешното издание на АКТО – фестивалот на современа уметност што ќе се случува во наредниве четири дена во Битола. Овојпат, тој осамна на улицата Солунска во Градот на конзулите, а преку делата на уметниците ќе се направи обид да се преиспита поимот на работа и во емотивна и во материјална смисла, како и неговото значење во денешен, современ контест.

„Ако се направи споредба со претходните теми кои на некој начин беа поврзани со емотивната страна, некако оваа година темата повеќе се осврнува на потребата да се отворат прашања повеќе филозофски отколку прагматично, поврзано со онаа интелектуална страна“, вели Благица Иванова, гласноговорник на манифестацијата што се одржува во рамките
Ако се направи споредба со претходните теми кои на некој начин беа поврзани со емотивната страна, некако оваа година темата повеќе се осврнува на потребата да се отворат прашања повеќе филозофски отколку прагматично, поврзано со онаа интелектуална
страна.
на БИТФЕСТ.

Основната идеја на Фестивалот е излегување на уметничките форми од стандарните за нив простори како галерии, музеи и театри и нивно поставување во нови простори што доведува до трансформација на самото уметничко дело.

„Она што е најважно е да се предизвика некаква емоција поразлична од стереотипот и она што е поразлично од восприемањето на уметноста“, дополнува Иванова.

Инаку, шестото издание на АКТО става особен акцент на визуелните уметности и на музиката, па така на манифестацијата учество ќе земат 30-на автори од Италија, Хрватска, Бугарија, Мексико, Финска и од Македонија, како Зоран Поповски, Филип Јовановски, Игор Тошевски, Сузана Милевска, ПРОЕКТ ЗЕРО ПЛУС, Атанас Ботев, Никола Узуновски, Власта Делимар, Милан Божиќ, Петра Ковачиќ, Иван Мудов, групата ДЕТЕКС, Гастон Рамирез Фелтрин, Ања Пунтари и други.

Остварена е и соработка со фестивалот ПЕРФОРАЦИЈЕ од Загреб, а во музичкиот дел и во оф-програмата предвидени се настапите на светски познатиот бенд од Канада ХЕНДСОМ ФУРС, домашните Т.Б.ТРАЧЕРИ, ХА ХА ХА, ПАРКЕТИ, МИЛКО и мнозина диџеи со оние од КАНАЛ 103 на чело, кои пак овојпат го озвучија таканаречениот АКТО-воз кој секојдневно за време на фестивалот сoобраќа на релација Скопје – Битола.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG