Достапни линкови

Србија поблиску до ЕУ, но и до Грција


Преговарачките тимови на Белград и на Приштина денеска во Брисел постигнаа договор за регионалното претставување на Косово. Србија се надева дека ова ќе и го отвори патот во идната недела да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија.

Двете страни се согласуваат дека Косово на регионалните собири би требало да биде претставено како Косово, но со фуснота, односно ѕвездичка со повикување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и со наведување на уште еден документ, а тоа е советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата.
Сакам јасно и гласно да кажам дека признаваме и јасно гледаме колку Србија напредувала и колку се труди да ги спроведе одлуките донесени во декември. Германија јасно ја гледа европската перспектива за Србија. Таа цел може да се оствари само ако останеме флексибилни, рационални и ангажирани.

Договорот му носи на Белград вредна награда: кандидатски статус и тоа на следниот самит на Европската унија во наредната недела во Брисел.

Советот на министрите на Европската унија на 9 декември лани го одложи изјаснувањето за барањето на Србија за кандидатура, наведувајќи дека Белград треба да направи прогрес во спроведувањето на спогодбите утврдени во текот на дијалогот со Приштина, да постигне договор за регионалното претставување на Косово и да соработува со ЕУЛЕКС.

Паралелно со преговорите во Брисел, шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле вчера ненајавено престојуваше во Белград за, како што рече, да ја охрабри Србија во последните чекори на патот кон кандидатурата за членство во Унијата.
Би сакал, кога следната недела би бил во можност да заклучам, а мислам дека тоа не е невозможно, дека јас и Вестервеле ќе се сеќаваме на оваа посета како еден од најважните моменти во просецот на нашата европска интеграција.

„Сакам јасно и гласно да кажам дека признаваме и јасно гледаме колку Србија напредувала и колку се труди да ги спроведе одлуките донесени во декември. Германија јасно ја гледа европската перспектива за Србија. Таа цел може да се оствари само ако останеме флексибилни, рационални и ангажирани“, изјави Вестервеле.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе бидат решени сите отворени прашања меѓу Србија и Косово. Со слично очекување е и шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.

„Би сакал, кога следната недела би бил во можност да заклучам, а мислам дека тоа не е невозможно, дека јас и Вестервеле ќе се сеќаваме на оваа посета како еден од најважните моменти во просецот на нашата европска интеграција.“

Неговата посета следуваше откако шефовите на дипломатијата на Австрија, Италија и Франција побараа на Србија да и се одобри кандидатски статус.

Аналитичарите наведуваат дека косовското прашање ќе има големо влијание врз српската политика, особено во контекст на општите и локалните избори кои се предвидени за 6 мај годинава.

Од друга страна, има мислења дека и доколку Србија го добие толку посакуваниот кандидатски статус тоа сега нема да има толкаво домашно значење како што беше во минатото.
Доколку нешто не се смени, ние, како Грција, сме на нашиот пат до банкротираме.

Србите сега повеќе се загрижени поради невработеноста во земјата која од над 13,5 насто пред четири години, во минатиот ноември достигна 23,7 проценти.

Во Србија преовладува разочарување, пишува весникот Економист при што цитира извор до српските власти кој вели: „разочараноста и гневот јадат се“.

Најлошото можеби претстои, наведува Ивана Прица, економист на Универзитетот во Белград, која оценува дека, освен невработеноста, главно горливо и нерешливо долгорочно прашање е финансирањето на огромниот трговски дефицит на земјата.

„Доколку нешто не се смени, ние, како Грција, сме на нашиот пат до банкротираме.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG