Достапни линкови

На Косово и натаму ризично


Едмонд Мулет
Едмонд Мулет

Обединетите нации оценуваат дека обновувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, по тримесечниот прекин, придонесува за намалување на тензиите на Косово. Сепак, како што се додава, постои перманентна опасност од тензии, бидејќи не биле решени значајни политички предизвици. Најитниот е најавениот рефередум на Србите на северот на Косово.

Напнатата ситуација на северот на Косово влијае врз дијалогот меѓу Белград и Приштина и врз разговорите за европската перспектива на регионот, изјави помошник секретарот на Обединетите нации за мировни операции Едмонд Мулет на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, претставувајќи го извештајот на генералниот секретар Бан ки Мун.
Би ја искористил оваа можност да го поканам Советот за безбедност да ја посети Србија, вклучувајќи го и Косово и да види каква е ситуацијата. Ќе видите, дами и господа, бодликав тел и гето услови во некои делови на провинцијата. Ќе видите дека денес во цела Европа најзагрозени се Србите во некои делови на Косово.
Вук Јеремиќ, министер за надворешни работи на Србија.

„Во моментов, локалните лидери на северот планираат идната недела да спроведат референдум за тоа дали Србите ги прифаќаат косовските институции. На оваа инцијатива се противи Белград, како и некои лидери на косовските Срби од југот на Косово“, изјави Мулет.

Тој наведува дека постојат и други ризици, како враќањето на раселените и утврдувањето на судбината на исчезнатите, кои, доколку не бидат решени, ќе се зголемуваат од година в година.

И покрај согласноста со оценката дека дијалогот и преговорите се единствениот пат за напредок на регионот, шефовите на дипломатиите на Србија и на Косово, Вук Јеремиќ и Енвер Хоџај, со различни ставови за тоа како да се дојде до решение.
Вук Јеремиќ
Вук Јеремиќ

Јеремиќ изјави дека Србите на Косово живеат како во гето и оти тоа не е одржливо.
Косово е одржлива држава и во последниве четири години, со ваша поддршка, за што ви благодарам, ние сме способни да градиме општество од почеток, кое сега е мултиетничко.
Енвер Хоџај, министер за надворешни работи на Косово.

„Всушност би ја искористил оваа можност да го поканам Советот за безбедност да ја посети Србија, вклучувајќи го и Косово и да види каква е ситуацијата. Ќе видите, дами и господа, бодликав тел и гето услови во некои делови на провинцијата. Ќе видите дека денес во цела Европа најзагрозени се Србите во некои делови на Косово.“

Јеремиќ се заложи истрагата за трговијата со органи на Косово и Албанија да биде водена под покровителство на Обединетите нации.

За разлика од него, шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај претстави попозитивен портрет за животот на Косово.

„Косово е одржлива држава и во последниве четири години, со ваша поддршка, за што ви благодарам, ние сме способни да градиме општество од почеток, кое сега е мултиетничко. Она што е кажано пред неколку минути не ја рефлектира реалноста и е опис на свет кој веќе не постои.“
Енвер Хоџај
Енвер Хоџај

Хоџај оценува и дека доколку на Србија и биде даден статус на кандидат за членство во Европската унија пред исполнувањето на преземените обврски кон Косово, ќе има долгорочни негатвини последици.

Според него, идејата за размена на територии е многу опасна.

„Добро би било и за Србија и за сите, границите на Балканот да бидат дефинирани еднаш засекогаш“, изјави Хоџај.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG