Достапни линкови

Данoк за слобода на движење


Мердаре.
Мердаре.

Косово и Србија се договорија за заедничко управување на границата и од вчера си воведоа по 60 евра за влез како трошок за осигурување на возилата. И сега повторно се оштетени и огорчени граѓаните чие слободно движење е доведено во прашање.

Поефтино е велат со авион од Србија до некоја европска престолнина со ниско-буџетнките авио-компании отколку да ја минете границата меѓу Косово и Србија.
Од понеделникот, имено, за автомобилите од Србија кон Косово и обратно во џебот патниците треба да имаат по минимум 60 евра. Тоа е, велат, бриселскиот договор меѓу двете страни.
Зошто да дадам 60 евра за 15 дена. Се враќам назад. Подобро пешки да одам и да се вратам.
Анкетиран граѓанин.

Нашиот репортер Милош Ивановиќ вчера беше на граничниот премин Мердаре и еве ги реакциите на Србите кои влегуваат на Косово.

„Тоа е безобразлук. Тоа е срамота.“

„Зошто да дадам 60 евра за 15 дена. Се враќам назад. Подобро пешки да одам и да се вратам.“

Парите се над политиката, било и ќе биде. Еве што велат оние кои од Косово влегуваат во Србија.

„Не е е добро, За луѓето не е добро. Луѓето немаат леб да јадат. Ние сме соседи.“

„Овде повеќе губи Србија отколку косовската страна, бидејќи камионите се повеќе српски што влегуваат отколку косовски.“


Имено, ако од Косово влегуваат во Србија со етикета РКС Република Косово, граѓаните ќе мора да му платат на Белград за ставање на други таблички согласно официјалната политика според која статусот на Косово е „неутрален".

Судејќи според реакциите на граѓаните, наместо слободно движење преку границата сега на сцена е нова блокада како резултат на порастот на тарифите. Посебно се погодени Албанците од југот на Србија кои влегуваат на Косово каде што работат.

Во истовреме засега во овие мерки не се вклучени односно не се имплементираат врз граѓаните Срби од северот на Косово, поради барикадите кои се уште се таму, и немањето услови на граничните премини.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG