Достапни линкови

Србија против референдумот на северот на Косово


По најавата за референдум во три од четирите општини на северот на Косово во кои живеат Срби, официјален Белград порачува дека не е време за такво изјаснување. Но, дали Србија има начини да ја спречи натамошната радикализација во време кога води дијалог со Косово.

Србите на Косово вчера донесоа одлука за референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат околу тоа дали ги прифаќаат косовските институции.
Лично ќе се обидам да објаснам дека не е добро во овој момент да се одржува референдум.

Референдумот ќе биде одржан на 14 и 15 февруари, вели претседателот на општина Косовска Митровица, Крстимир Паниќ додавајќи:

„По овој референдум на сите ќе им биде целосно јасно и на Албанците и на меѓународната заедница, а и на нашиот претседател дека Србите од северот на покраината нема да прифатат да живеат во независно Косово.“

На оваа одлука на одборниците на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток, се противи претседателот на Лепосавиќ Бранко Ниниќ кој е од Демократската партија на претседателот, Борис Тадиќ.

Според него, станува збор за игра на партиите кои се противат на влегувањето на Србија во Европската унија.

„Лично ќе се обидам да објаснам дека не е добро во овој момент да се одржува референдум.“
По овој референдум на сите ќе им биде целосно јасно и на албанците и на меѓународната заедница, а и на нашиот претседател дека србите од северот на покраината нема да прифатат да живеат во независно Косово.

На ист став со Ниниќ е и државниот секретар во Министерството за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ кој прецизира дека ваквите потези треба да бидат договорени со Белград.

„Јас им сугерирав на претседателите на општините да работат на подобра комуникација со владата со цел таквите акции да бидат договорени. Ова може да ја доведе српската влада во незгодна ситуација.“

Четирите српски општини, Белград ги третира како дел од своја територија во согласност со долгогодишниот план за поделба на Косово.

Затоа во Србија се смета дека најавениот референдум е неуставен чин, но притоа се мисли на Уставот на Србија и оти е можно распуштање на собранијата.

„Тие можат да бидат распуштени, но тоа е некое крајно средство кое, доколку се примени ќе има поголемо негативно, отколку позитивно влијание врз развојот на ситуацијата на Косово“, вели поранешниот претседател на Уставниот суд на Србија Слободан Вучетиќ.

Тој додава дека Белград може да примени и економски санкции со оглед на тоа што овие општини се финансирани од Србија.

Сепак, никој во Србија на спомнува дека, според Резолуцијата 1244, Белград нема ингеренции и пристап на Косово.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG