Достапни линкови

Европската унија, која се расфрла со тоа дека солидарноста е нејзиниот основен принцип, ја турка Грција во беда и хаос. Ова се наведува во коментарот на весникот Обзервер, во кој се оценува дека денес Европа не изгледа пријатно, просперитетно или мирно.

Грчката демократија е уништена. Не од војници кои маршираат со луди пароли за неизбежниот триумф на германската владејачка раса, не од интернационален пролетеријат или од глобален џихад, туку од умерени мажи и жени кои мислат дека се имуни од идеолошки бесови, пишува весникот Обзервер, додавајќи:
Како и да го вртите, Грција не може да победи. Помошта на Европската унија не може да послужи ниту за нејзината прва функција, спасување на страдањата од страдања. Германците, со помош на Холанѓаните и Финците, ја туркаат Грција во спиралата на смртта.

„Како и да го вртите, Грција не може да победи. Помошта на Европската унија не може да послужи ниту за нејзината прва функција, спасување на страдањата од страдања. Германците, со помош на Холанѓаните и Финците, ја туркаат Грција во спиралата на смртта.“

Унијата бара од Грција да затвори 150 илјади работни места во администрацијата и тоа за три години. Грчките политичари исто така мора да прифатат кратење на 22 насто од минималните плати. Грција е во постојана рецесија. Економијата за три месеци падна за 7 насто. Десетици илјади семејни бизниси се затворени.
Европа сега нуди оживување на Грција со осиромашување, односно заздравување со натамошно повредување.

Европа сега нуди оживување на Грција со осиромашување, односно заздравување со натамошно повредување. Дали грчкото општество ќе го издржи тоа останува отворено прашање.

Партиите од крајната десница и левица доживуваат процут, за разлика од политичарите од центарот кои граѓаните ги сметаат за предавници за нивниот обид да ја смират непрателската Европа.

Какви и да бидат политичките последици, секој разумен финансиски коментатор сфаќа дека грчката економија повеќе не може да издржи.

Европските услови ни од далеку не одговараат на алтруизмот на Соединетите Држави покажан по поразот на Германија во 1945 година. Америка не ги пауперизира Германците, иако тоа го сакаа многу Французи, туку им го понуди Маршаловиот план со кој почна германското економско чудо. ЕУ со нејзините барања ја турка Грција во хаос.

Со грчката корупција не може да се објасни зошто Португалија е во криза, како што и со италијанската корупција не може да објасни зошто Ирска и Шпанија се наоѓаат во криза. Всушност сите пет држави се мачат, а наскоро може да им се приклучи и Франција затоа што еврото е монументална грешка.
Но, ни алтернативите од поклонувањето на барањата на Германците не се подобри. Ако Грција го напушти еврото ќе има милиони судски спорови за тоа како да бидат наплатени веќе важечките зделки. Ќе дојде до хиперинфлација, а можеби ќе се распадне и европскиот бакарски систем.

Или како што изјави шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг: „еврото е зграда во пламен од која нема излез“. Валутната унија очигледно веќе е катастрофа. Да се признае тоа ќе биде премногу за европските елити.

Од друга страна, Германија и Холандија имаа голема полза од единствената валута за продажба на нивните производи, особено откако на јужна Европа и беа воведени ефикасни тарифни бариери. И наместо да каже: „Ние сме богати, бидејќи тие се сиромашни“, Ангела Меркел и нејзините колеги имитираат самодоволен и себичен читател на Билд.

Германија инсистира на тоа дека грчката криза е резултат на корупцијата на грчкиот јавниот живот. Грчката политика несомнено е корумпирана, иако треба да се додаде дека првите жртви на корупцијата се сиромашните кои не можат да си дозволат да ги подмитуваат службениците.

Но, со грчката корупција не може да се објасни зошто Португалија е во криза, како што и со италијанската корупција не може да објасни зошто Ирска и Шпанија се наоѓаат во криза. Всушност, сите пет држави се мачат, а наскоро може да им се приклучи и Франција затоа што еврото е монументална грешка.

Како што сиромаштијата ќе се продлабочува и ќе се шират протести, така ќе се менува и имиџот за Европската унија, и тоа не на подобро. Европа денес не изгледа пријатно, просперитетно или мирно.

Кога историчарите ќе пишуваат за крајот на нивната постмодернистичка утопија, ќе забележат дека таа не била уништена од освојувачки армии или од тоталитарни идеологии, туку од политичари и бирократи, се наведува во коментарот на Обезервер.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG