Достапни линкови

Никој од нас не е Херкул


Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос.

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос.

Грција денеска се соочува со штрајкови. Што ќе донесе средбата на политички лидери на која треба да дојде до договор за новиот пакет мерки за штедење со цел добивање европска помош во износ од 130 милиони евра. Ако договорот не биде постигнат, идниот месец на Грција и се заканува финансиски колапс.

Најавена е средба на лидерите на трите политички партии кои се во коалициската Влада на премиерот Лукас Пападимос на која треба да се постигне консензус во врска со новите економски мерки кои се услов Грција да добие втор заем.
И бидејќи никој од нас не е Херкул ќе мора сите заедно без ароганција да ги убедиме грчките граѓани, да им дадеме целосна слика за пакетот што го одбравме за да останеме со еврото, да останеме во Европа и повторно да ја добиеме загубената доверба.

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос по вчерашната средба со преставниците на ММФ, ЕУ и Европската Централна Банка изјави дека разговорите за кратење на плати, пензии и работни места се одвиваат тешко.

„Очигледно дека е голем притисокот врз земјата, врз народот, врз Грците да се соочат со драматична и акутна дилема. Спас на земјата, останувањето со еврото, финализација на новиот договор и примањето на фондовите. “

Тоа, според грчкиот министер за финансии Венизелос е витално за спас на Грција и бара големи Архивска фотографија: Протести во Атина

Архивска фотографија: Протести во Атина

социјални жртви. Тој преговорите
околу новиот пакет за Грција ја спореди со борбата на античкиот Херкул.

„И бидејќи никој од нас не е Херкул и не може сам да се соочи со Хидрата, ќе мора сите заедно без ароганција да ги убедиме грчките граѓани, да им дадеме целосна слика за пакетот што го одбравме за да останеме со еврото, да останеме во Европа и повторно да ја добиеме загубената доверба.“

Ако овој пакет не биде усвоен од Грција, тогаш земјата во Март ќе се соочи со пропаст на финансиски план.

Соочена со стапка на невработеност од 18 проценти, Грција веќе пет години е во длабока рецесија. Но отпорот за новите мерки за штедење во Грција е силен.

Денеска од друга страна има нови протести на Синдикатите против барањата на кредиторите од ЕУ, ЕЦБ и ММФ за намалување на платите и пензиите како и укинување на 13 и 14 плата, против укинувањето на колективните договори и против отпуштањето од работа.

Атина е под голем притисок од Берлин, Париз и Брисел. Германскиот канцелар Ангела Меркел им порача на грчките лидери што побрзо да ги усвојат новите мерки.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG