Достапни линкови

ЕУ самит - Грција пред принудна управа


Лидерите на Европската унија на денешниот состанок во Брисел се очекува да постигнат согласност за постојан спасувачки фонд за еврозоната и за избалансирани буџетски правила во националните закони. Сепак, досега нерешените проблеми во Грција фрлаат голема сенка врз самитот.

Тие се вратија, пишува весникот Њујорк тајмс најавувајќи го денешниот прв состанок на лидерите на Европската унија во 2012 година. Според весникот, ланските самити биле бескрајна серија на разочарувања и на постојано одложување на клучните решенија.
Еврото и Европа секогаш ќе бидат повеќе од еден пазар и од заедничка валута. Тие се одговор на најмрачното поглавје во нашата историја, но и наше животно осигурување во времето на глобализацијата.
Гидо Вестревеле, министер за надворешни работи на Германија.

Додека пазарите се тетеравеа, лидерите заобиколуваа, оценува Њујорк тајмс, додавајќи дека оваа година е повеќе од акутно спречувањето еврокризата да се прошири и врз светската економија.

Сепак, како што оценуваат економистите, европските политички лидери, почнувајќи од германската канцеларка Ангела Меркел се уште мислат дека решението на должничката криза магично ќе се покаже и тоа без инфузија на нови пари во
Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле
Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле
европските спасувачки пакети.

Меркел се уште се залажува дека плановите за штедење кои ги диктираат германците можат да водат до враќање на економскиот пораст на Европа.

„Фискалната одговорност и одржливоста не се таинствени концепти за експертите, ниту пак непријатно хоби на Германците кои сé
Оној што му ја предава на народот дилемата меѓу финансиска помош и национално достоинство ги игнорира основите на историското учење.
Евангелос Венизелос, министер за финасии на Грција.

уште се трауматизирани од сеќавањата на хиперинфлацијата пред три генерации. Тие се императив на нашето време“, изјави деновиве шефот на германската дипломатија Гидо Вестревеле, оценувајќи:

„Еврото и Европа секогаш ќе бидат повеќе од еден пазар и од заедничка валута. Тие се одговор на најмрачното поглавје во нашата историја, но и наше животно осигурување во времето на глобализацијата.“

​Со ова, секако не се согласува
Генералниот штрајк во Белгија
Генералниот штрајк во Белгија
Стандард и пурс, агенцијата која ги намали кредитните рејтинзи на 9 од 17 земји во еврозоната поради премалку пари во спасувачките фондови и преголемо потпирање врз мерките за штедење.

Шефицата на ММФ Кристин Лагард минатата недела побара поголема заштита на, како што ги нарече, невините набљудувачи со цел да не бидат вовлечени во европските проблеми.

Премиерот на Италија Марио Монти отворено ја предупреди Германија дека нејзините напори за намалување на дефицитот и за реформи на пазарите ќе пропаднат се додека Берлин не понуди повеликодушна финансиска помош.

Грција, пак, вчера го отфрли германскиот предлог ЕУ да ја преземе контролата врз нејзините даночни и фискални одлуки под објаснување дека со тоа ќе го загуби националниот суверенитет.

„Оној што му ја предава на народот дилемата меѓу финансиска помош и национално достоинство ги игнорира основите на историското учење“, изјави грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос за предлогот на германскиот министер за економија Филип Реслер, ресорниот еврокомесар да има право на вето на секоја буџетска мерка и да има пошироки овластувања за да се обезбеди дека Грција ги презема вистинските чекори за исплата на нејзиниот долг како што е предвидено.

Европската комисија соопшти дека не станува збор оти Грција ја предава контролата на нејзиниот буџет.

Во истовреме со самитот, во Белгија се одржува 24-часовен штрајк против се поострите мерки за штедење. Анализите покажуваат дека во Унијата се повеќе расте замореноста од буџетските кратења.

Околу 23 милиони граѓани во Европската унија се без работа што е 10 насто од работоспособното население.

Како и да е, прашањето во наредните неколку месеци е дали Ангела Меркел ќе се разбуди или Европа ќе се најде во економски слободен пад. Се уште не е јасно што ќе биде прво.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG