Достапни линкови

Грците ќе ја враќаат цивилизацијата


Во Грција, како и насекаде на Медитеранот, повеќето семејства традиционално купуваат имоти, било куќи, било земјиште, за кои се смета дека се многу постабилни инвестиции од оние финансиските. Во сегашните тешки времиња, многу Грци решаваат или се принудени да се вратат на нивната, како што пишува весникот Њујорк тајмс во репортажата за грчката криза, последна одбранбена линија.

Кога ги побарав моите пријатели и роднини во Атина, ми рекоа дека таму е безнадежно и оти станува се полошо, вели Александра Триха која во минатата година ја напушти Атина за да одгледува полжави во нејзиното родно место Хиос, остров на Егејско море во близина на Измир.
Моите родители беа земјоделци. Јас правев се да не бидам како нив. Сепак, за мене е ова е одење напред, бидејќи мислам дека ја запоставивме земјата

„Мислам дека добро избрав“, додава Александра, една од многуте кои поради немањето работа и строгите мерки на штедење во Грција беа принудени да им се вратат на корените.

Во земјата невработеноста изнесува 18 насто, а најголем пораст од 35 проценти е забележан кај младите меѓу 15 и 29 години. Но, земјоделскиот сектор е еден од ретките што по избувнувањето на кризата, бележи подобрување. Отворени се над 32 илјади нови работни места во кои се вработуваат Грци, а не мигранти од странство.

„Најголем пораст е кај средновечните“, наведува Јанис
Моите се противат и ми велат зошто залудно сум студирал. Но, сега во Грција е хендикеп ако си премногу квалификуван.
Цифорос, директор на земјоделската конфедерација, додавајќи дека тоа покажува оти тие претходно работеле нешто друго.

Но, и младите се соочени со изборот да се вратат на село или пак да заминат во странство, се наведува во репортажата, објавена во Њујорк тајмс во која се додава дека постојано се зголемува и бројот на младите кои почнуваат да се занимаваат со поморство.

27 годишниот Јанис Менис вели дека веќе немал финансика потпора да стане доктор по нуклеарна физика и затоа решил да ги следи чекорите на татко му како бродски инженер.

„Моите се противат и ми велат зошто залудно сум студирал. Но, сега во Грција е хендикеп ако си премногу квалификуван“, додава Менис.

Од друга страна, во Грција се разви дебата дали ова појава е чекор напред или назад за земјата.

„Моите родители беа земјоделци. Јас правев се да не бидам како нив. Сепак, за мене е ова е одење напред, бидејќи мислам дека ја запоставивме земјата“, наведува Александра Триха.

Други мислат дека трендот е обесхрабрувачки.

„Имам три сина. Сите се инженери и сите се невработени. Во Атина им беше тешко. Тука некако врзуваме крај со крај“, вели 73 годишната Георгија Помпура која изразува разочараност од тоа што нејзините синови се вратија кај неа во Хиос.

„Работев напорно за да ги изучам моите деца. Не ги сакам назад. Тоа би значело дека биле залудни сите напори“, вели таа.

И покрај новата тенденција, сепак во Грција се враќа националната гордост.

„Ја измисливме цивилизацијата и ние ќе ја вратиме назад“, вели фармерот Димитрис Калупис, додавајќи дека, ако треба, и од каменот ќе исцеди вода само да ги нахрани своите, пишува Њујорк тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG