Достапни линкови

Америка, Грција и светот во пламен


Економската криза во Грција во 1947 година ги принуди Соединетите држави да го преземат лидерството. По повеќе од 60 години, уште една грчка криза покажува како му е на светот без американско раководство, се наведува во коментарот, објавен во Фајненшал тајмс.

Во февруари 1947 година британската влада, банкротирана од војната и окована во сурова зима и порача на Америка дека веќе не може да си дозволи да и помага Грција која е на работ на економски колапс и во граѓанска војна.

Претседателот Труман излезе пред Конгресот и побара 400 милиони долари помош за Грција, ветувајќи дека Америка сега би можело да ги поддржува слободните народи кои се противат на обидите за потчинување, пишува Фајненшал тајмс додавајќи: Неколку недели потоа Соединетите држави го објавија Маршаловиот план, огромна програма за финансиска помош, насочена кон стабилизирање на западна Европа.

Контрастот меѓу тогаш и сега

Повторно, економска криза која почна во Грција и се заканува на Европа. Но, овој пат Америка не презема централна улога во менаџирањето на кризата.

Секако, двете ери не се исти. Европа веќе не е во беда како во 1947. Ниту пак, комунистичката опасност е во фокусот на конгресмените. Сепак, во 2012, како и во 1947 во прашање е доведен јасниот американски и светски интерес.

Џорџ Маршал го презентира неговиот планза економска обнова на Европа
Џорџ Маршал го презентира неговиот планза економска обнова на Европа

Објавувајќи го планот тогашниот државен секретар Џорџ Маршал истакна дека здравјето на американската економија е во опасност поради хаосот во Европа и оти Соединетите држави би требало да преземат се што можат за опоравување на светската економија. Од тогаш овој принцип беше постојано применуван.

Па, што се смени?

Голем дел од проблемот е недостигот пари. Америка на Маршаловиот план потроши 5 насто од нејзиниот бруто домашен производ. Тоа сега е невозможно. Министерот за финансии Тим Гајтнер постојано бара од европските колеги да направат повеќе за решавање на должничката криза. Но, американското раководење не секогаш е поврзано со готови пари.
Во 1947 година кога пожарот во Грција му се закануваше на светот, пожарникарските коли тргнаа од Вашингтон. Во 2012 тие се испратени од Берлин и Брисел, доцна и неопремени. Резултатот е видлив, пожарот бесне.


Администрацијата на Обама свесно реши ресурсите да ги фокусира врз Азија, бидејќи клучните економски и геополитички прашања во овој век ќе се одвиваат преку Пацификот.

Значи, Европа и Блискиот Исток ќе добиваат се помалку американско време, пари и внимание. Последиците од ваквото менување на акцентот веќе можеше да се види во минатата година. При НАТО интервенцијата во Либија, Вашингтон имаше поддржувачка улога.

Стратегискиот избор што го направија американците е доволно логичен. Азија е најдинамичниот економски регион во светот, а Кина растечка суперсила. Значи теоретски промената на фокусот е разбирлива. Неволјата е во тоа што иако геополитичките и економските предизвици од Грција не се драматични како по Втората светска војна, тие се уште се многу сериозни.

Пожарот и натаму беснее

Ако Грција не успее, тогаш постои висок ризик големата финансиска криза од Европа да се прошири во светот. Исто така постојат големи стратегиски прашања во источен Медитеран и тензии кои растат меѓу Грција, Турција, Израел.


Од друга страна, хаосот во Грција доведе до губење на врските на таа земја со Европската унија. Кина веќе доби долгорочен закуп на пристаништето Пиреја, а руските олигарси веќе ја пикираат приватизацијата на грчките фирми. Проблемот е во тоа што европејците, и особено германците, продолжуваат да разочаруваат и не само со економската, туку и во врска со другите светски кризи.

Неодамна еден претставник на Пентагон изјави: ,,Му реков на еден мој германски колега, Светот е во пламен, кога ќе помогнете?,, Тој само ги крена рамениците.,, Во 1947 година кога пожарот во Грција му се закануваше на светот, пожарникарските коли тргнаа од Вашингтон. Во 2012 тие се испратени од Берлин и Брисел, доцна и неопремени. Резултатот е видлив, пожарот бесне, заклучува Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG