Достапни линкови

logo-print

Новинарите дебатираат, сопствениците ги нема


Дебатите за новинарството се корисни, иако на нив не земаат учество сите засегнати страни, велат медиумските здруженија.

Во последно време се одржаа низа на разговори кои резултираа со акционен план за подобрување на состојбата со медиумите во земјава, кој ќе и биде доставен на Владата.
За нас како здружение ова ни помага, затоа што имаме можност да го запознаеме целиот мозаик на проблеми во медиумите за да знаеме како да се поставиме во дијалогот со Владата, и кои аргументи да ги користиме за нашите ставови.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека дебатите се потребни за да се детектираат проблемите во работата на медиумите.

„За нас како здружение ова ни помага, затоа што имаме можност да го запознаеме целиот мозаик на проблеми во медиумите за да знаеме како да се поставиме во дијалогот со Владата, и кои аргументи да ги користиме за нашите ставови.“

И Петрит Сарачини од МИМ вели дека преку дебатите се добиваат конструктивни забелешки.
Насер Селмани

Насер Селмани


„За медиумската заедница да има пофокусиран, поаргументиран став во процесите што престојат. Значи никако не сметаме дека оваа дебата е одвишна или дека е излишна. Се со цел да го артикулираме појасно ставот на медиумската зедница.“

За жал сопствениците на големите медиуми повеќе се гледаат себе си како политичари и како преставници на други политички интереси отколку како преставници на бизнис и на медумска заедница.
Но најголем број од сопствениците на медиумите ги заобиколуваат дебатите. Според Селмани, се добива впечаток дека тие немаат проблеми и така не може да се најде одговор за прашањата кои треба тие да ги решат.

„Со ваков однос на сопствениците јас мислам дека се праќа лоша порака кон целиот процес и практично ние ќе имаме проблем со примената на овие препораки, значи сопствениците не сакаат да ја преземат одговорноста за спроведување на професионалните стандарди. “

Сарачини смета дека е тешко изводливо сопствениците да застанат на страната на новинарите и нивните интереси.

„Тое е една стара болка на медиумската сфера во Република Македонија, за жал сопствениците на големите медиуми повеќе се гледаат себе си како политичари и како преставници на други политички интереси отколку како преставници на бизнис и на медумска заедница.“

Во акциониот план се содржани препораките за промени во законодавството, јавниот сервис и квалитетот на новинарството, етичките и професионални стандарди, преку кои ќе се градат натамошните политики и чекори во медиумите.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG