Достапни линкови

ЗНМ и МИМ со план за спас на новинарството


ЗНМ бара владините претставници да објаснат за што станува збор, откако Министерството за транспорт и врски најави јавна презентација за изготвување закон за медиуми.

Новинарските здруженија подготвуваат акциски план за подобрување на состојбата на медиумите во земјата, а владата подготвува закон за медиуми.
Нема да прифатиме методологија на работа преку, што се вика преку трупа да се донесат законите. Треба добро да се промислат, добро да се проучат и на крај може да отвориме дебата.

Пред најавената јавна презентација од страна на Министерството за транспорт и врски за изготвување на закон за медиуми, Здружението на новинари побара итна средба со владините претставници од работната група со која го водат дијалогот за да им се објасни за што всушност станува збор. Претседателот на здружението на новинари Насер Селмани го кажа ставот на ЗНМ, дека тие се против носење на закон за медиуми. Тој вели дека ќе се обидат да ја убедат Владата дека сега не е време да се носи таков закон, затоа што има поприоритетни работи.
Тркалезна маса на тема Предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски сектор на 14 септември 2011 година.

Тркалезна маса на тема Предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски сектор на 14 септември 2011 година.


„Нема да прифатиме методологија на работа преку, што се вика преку трупа да се донесат законите. Треба добро да се промислат, добро да се проучат и на крај може да отвориме дебата. Мислам дека таа дебата треба прво да се одвива во работната група, таму да ја утврдиме потребата, односно дали има потреба или нема потреба, после ние можеме да отвориме дебата во јавноста. Мислам дека она што министерот за транспорт и врски го најави како презенатација на тој концепт, мислам дека избрза.“
Македонија како кандидат за членство во Европската унија има обврска да го усогласи законодавството во делот за радиодифузијата со АВМС директивата на Европската Комисија и тука нема ништо спорно.

Директорката на МИМ Билјана Петковска вели дека се поканети на презентацијата на која министерот за транспорт и врски треба да ја образложи потребата за носење на закон за медиуми.

„Македонија како кандидат за членство во Европската унија има обврска да го усогласи законодавството во делот за радиодифузијата со АВМС директивата на Европската Комисија и тука нема ништо спорно, тој процес треба да тече и тој е започнат и еве сега во контекст на најавите за присуство на европски експерти кои ќе помогнат во усогласување на тоа законодавство, значи во тој дел мислам дека никој нема никаков проблем и дека тоа треба да тече непречено.“

Според акцискиот план кој го подготвиле ЗНМ и МИМ се посочуваат три сфери на кои треба да се работи за да се подобри состојбата во медиумите. Тие нотирале проблеми во законодавството, во јавниот сервис и во квалитетот на новинарството.

Министерството за транспорт и врски утре повика на јавна дебата за изготвување посебен закон за медиуми, кој би требало да го замени постојниот Закон за радиодифузна дејност. Како што соопштуваат од Министерството, новиот закон е со цел да се усогласи домашното законодавство со европското.

„Во законот ќе биде имплементирана новата европска директива за аудиовизуелни медиумски услуги“, се наведува во соопштението.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG