Достапни линкови

Ќе се бараат кодошите меѓу новинарите


На ред за лустрирање стигнаа и новинарите. Од денеска започнува обврската, според која сите новинари треба да заверат изјави на нотар дека не соработувале со тајните служби од минатиот систем.

Сите коишто биле новинари од 1944 до денес во наредниве два месеца ќе треба да поднесат изјави до комисијата за верификација на факти за да се утврди дали биле соработници на тајните служби. На законот подлежат основачи и вработени новинари, уредници во трговско радиодифузно друштво и непрофитна радиодифузна установа кои имаат дозвола за вршење радиодиуфузна дејност и основачи и вработени во друштвата од областа на печатот, е наведено во одлуката на комисијата со која се објавува отпочнувањето на рокот за лустрација на оваа категорија носители на јавни функции.

Очекувам уште една циркузијада, каква што и до сега видовме како течеше во процесот на лустрација.
Надлежност на комисијата, како и во останатите случаи, е да ја верифицира или не изјавата на новинарот, а понатамошните последици се оставени на одлука на медиумот во којшто е вработен.

Новинари на прес конференција

Новинари на прес конференција

„Последиците се - не можат да се бават, не го исполуваат дополнителниот услов за вршење јавна функција. Тоа после зависи од сопствениците на приватните медиуми дали ќе ги задржи како новинари или нема да ги заддржи, меѓутоа секој медиум има обврска, дали е пишан или електронски, во своите акти да го предвиди овој дополнителен услов“, изјави претседателот на комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

На самиот старт на процесот, кај дел од новинарите се појавува скептицизам дека лустрацијата меѓу новинарите ќе се спроведе неселективно и коректно согласно законот.

„За очекување е оваа власт и овој момент да го искористи за втерување страв меѓу луѓето, преку новинарите се разбира, оти луѓето гледаат ако на новинарите им прават некакво зло, а тие се сепак во состојба секојдневно да кажат што мислат, што ли ги чека тогаш нив, така да ништо особено не очекувам, очекувам уште една циркузијада, каква што и до сега видовме како течеше во процесот на лустрација“, изјави Никола Младенов, основач на неделникот и на дневниот весник Фокус.

И здружението на новинарите по повод отпочнувањето на постапката излезе со ставот дека кај припадниците на оваа професија постои сомневање и страв дека таа ќе се злоупотреби за пресметка со неистомислениците. Од таму нагласија и дека се многу јасни условите под кои некој може да се прогласи за соработник на тајните склужби, дали имал потпишано договор и дали земал пари за тоа или врз основа на таква соработка напредувал во кариерата. Поради тоа, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани потсети дека за евентуални грешки при спроведување на законот, затворските казни се од три до пет години.
XS
SM
MD
LG