Достапни линкови

Закон за медиуми без медиуми


Јавна презентација на министерството за транспорт и врски за потреба за усогласување на законот во областа на медиумите.

Јавна презентација на министерството за транспорт и врски за потреба за усогласување на законот во областа на медиумите.

Власта готви нов закон за медиуми. Новинарската фела и невладиниот сектор засега остануваат надвор од тоа.

Македонија наскоро ќе добие нова легислатива во сферата не медиумите. Не се знае се уште дали тоа ќе биде еден нов закон или измена на веќе постоечките, но едно е сигурно, што и да се менува ќе треба да заврши до април, барем така најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Иако се уште не се знае што ќе биде, Јанакиески на презентацијата за неопходноста од усогласување на македонското со европското законодавство го повторуваше терминот „новиот закон“.

Потребата од нов закон предизвика поделеност и нејаснотија во новинарската фела, но исто така и кај пратениците. Народните избраници или не виделе или не слушнале ништо и не сакаат да коментираат. И дел од експертите со резерви зборуваат околу новиот закон.

Професор Весна Шопар вели дека целата ова работа ја затече и новинарската фела и невладиниот сектор кој се бави со проблематиката на медиумите.

„Така да, прилично има небулоза, а дека треба да бидат вклучени тоа не е спорно. Во крајна линија се прашуваш тогаш зошто беше формирано тоа тело со Теута Арифи.“
Практиката досега кажува дека никогаш амандмани не биле прифатени или повеќето од нив не биле прифатени, а знаејќи го составот позиција-опозиција тој предлог си поминувал како таков.

Целта на новата регулатива за медиумите е да се усогласи домашното законодавство со Европската директива за аудиовизуелни медиумски услуги, со препораките и стандардите на Советот на Европа, како и препораките на Европската комисија, дадени во извештајот за напредокот на Македонија, рече министерот Јанакиески.
„Целта е во наредниот извештај на ЕК да добиеме што помалку или ниедна забелешка во делот на медиумите и слободата на изразување, како и да добиеме подобар медиумски амбиент“, рече тој.

По вчерашната презентација на Министерството за транспорт и врски, остана нејасно што сакаат тие да направат. Она што се случуваше беше обид да се изглуми транспарентност, оценува Роберто Белицанец од Центарот за развој на медиуми.

​„Овој пат видовме само волја на една влада самата да го регулира целиот сектор, обидувајќи се да ги искористи како демократски орнаменти медумските институции и луѓето од медиумите со тоа што ќе ги викне на презентација“, вели Беличанец.

Власта со ова сака да го исчисти оној дел од Извештајот на ЕУ кој се однесува на проблемите со медиумите, додава Белицанец.

„Она што не го разбираат или веројатно не сакаат да го разберат е дека таа оценка не е толку проблем во смисла на легислатива, колку што е проблем на односот на политичката сфера во Македонија спрема новинарството и медиумите“, вели Беличанец.

Иако се уште не се знае што точно ќе биде, треба да се дејствува додека да се донесе, затоа што кога веќе ќе дојде до Собрание, тогаш работите потешко се менуваат, вели професор Шопар.

„Практиката досега кажува дека никогаш амандмани не биле прифатени или повеќето од нив не биле прифатени, а знаејќи го составот позиција-опозиција тој предлог си поминувал како таков.“

Од Министерствот за транспорт најавија дека во меѓувреме ќе има дебати, средби со претставници на медиуми, невладини организации и експерти од ТАИЕКС мисијата на Европската комисија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG