Достапни линкови

Кајакарот Николовски се бори за учество на ЛОИ


Кајакар на диви води Атанас Николовски.
Кајакар на диви води Атанас Николовски.

Најдобриот македонски спортист за 2010 година, кајакарот на диви води Атанас Николовски, не ја искористи првата шанса за обезбедување настап на летните Олимписки игри во Лондон.

Најдобриот македонски спортист за 2010 година, кајакарот на диви води Атанас Николовски, не ја искористи првата шанса за обезбедување настап на летните Олимписки игри во Лондон. Иако се очекуваше тоа за него да биде рутинска работа, тој во септември, на Светското првенство во Братислава (Словачка), не се пласира ниту на полуфиналната трка, откако за удар во претпоследната капија, заработи казна од две секунди.
Во месец мај ни следува Европското првенство, иако таму се сведени на само две места за европските држави. Ќе се борат 6-7 нации за тие две места, така да мислам дека ништо не е изгубено, бидејќи јас за Пекинг ја изборив нормата баш на ваков начин.
Атанас Николовски, кајакар.

Со тоа се доведе во ситуација неизвесноста околу неговото второ учество на најзначајниот спортски настан во светот, по она во Кина пред три години, да виси до последен момент. Атанас признава дека и по три месеци е разочаран од ваквиот развој на настаните, но и порачува дека се уште ништо не е изгубено.

„Во месец мај ни следува Европското првенство, иако таму се сведени на само две места за европските држави. Ќе се борат 6-7 нации за тие две места, така да мислам дека ​ништо не е изгубено, бидејќи јас за Пекинг ја изборив нормата баш на ваков начин. Меѓутоа, ќе оставам да видиме како сето тоа ќе изгледа на крајот. Ни претстои еден тежок период со подготовки и натпревари, па се надевам на се најдобро“, изјави Николовски.

Тој, со тренинзи на патеката на Матка, како и во теретана и на базен, веќе започна со темпирање на формата за што поуспешен настап, односно обезбедување олимписка норма на ЕП во Аугсбург (Германија). Главниот дел, сепак ќе почне на 6 јануари, кога со хрватската репрезентација ќе замине на двонеделни тренинзи во австрискиот Шладминг, а од 1 февруари ќе ги стартува 40-дневните подготовки во Австралија. Покрај ова предвидено е учество на Илинденскиот кајак слалом, потоа настапи за избор на репрезентацијата во Солтан и Тацен (Словенија), како и тренинзи на патеката на која во мај ќе се бори за олимписката виза. Сето ова говори дека на најдобриот македонски кајакар му се обезбедени максимални услови за остварување на посакуваниот резултат, кој според него, иако сега е под притисок бидејќи станува збор за последна шанса за пат во Лондон, нема да изостане.

„Психички сум доста спремен за такви натпревари, каде што повеќето од натпреварувачите прават грешки. Мислам дека истото ќе се случи и на овој натпревар. Јас сум секогаш оптимист и со вакви подготовки, нормално и добро здравје се до крајот на овие подготовки и настапот на Европското првенство, се надевам дека резултатот ќе биде неизбежен и ќе се оствари таа олимписка норма“, додаде Атанас Николовски, кој до ланската титула спортист на годината дојде благодарение на освоеното седмо место на ЕП во Словенија.
XS
SM
MD
LG